Што не е мое- пуштам

Умот на секој човек е многу моќен. Неговата моќ и богатство ви е на располагање во онолкава мера колку што го познавате. Вашите мисли, чувства и желби, вашите ритуали, навики, кариера и односи со луѓето, вашата свесност, произлегува од умот.

Богатството на умот е бесконечно, а кога е отворен кон животот, ја враќа радоста и возбудата, бидејќи секој момент е нова можност. Отворенот ум истражува и експандира со секое вдишување, со секое движење и секое искуство во кое учествувате. Колку можности гледате, колку идеи реализирате, зависи од тоа колку имате отворен ум и какво знаење сте собрале во текот на животот.

Со отворен ум, уживате во поинаков поглед на свет, бидејќи не осудувате и не оценувате дали нешто ви се допаѓа или не, дали е добро или лошо, што овозможува себе си да се видите и да се доживеете на нов начин, а околностите или проблемите да ги согледате од друга перспектива.

Со отворен ум, оставате можност за ново знаење, нови перспективи и знаете дека секогаш имате уште многу да откриете и научите. Така создавате простор за личен напредок, простор за експанзија во сите сегменти на животот.

Отворениот ум е трпелив и има разбирање за различноста и знае дека е уникатен, бидејќи не постои ниту една личност на светот која гледа, слуша и живее на ваш начин. Тоа сознание го обогатува светот со единствена перспектива, бидејќи ако ја знаете својата вредност, тогаш ја почитувате перспективата на секое човечко суштество, иако можеби е потполно поинаква од вашата. Тоа е платформа за љубов.

Со отворениот ум, сакате и прифаќате различност бидејќи прифаќате и се сакате себе. Од него произлегува задоволство и тага, радост и болка. Сите тие се еднакво вредни и важни емоции за да уживаат во животот во потполност. Со прифаќањето на себе, се’ што мислите, чувствувате и посакувате, отвораат бројни можности, идеи и решенија. Тогаш уживате во истражувањето, бидејќи со истражувањето развивате и прифаќате идеи кои можеби не се во согласност со она што знаете, но, подеднакво вредно, бидејќи произлегуваат од човечкиот ум. Така станувате поотворени и подготвени да прифаќате и да ги реализирате сопствените идеи и концепти.

Отворениот ум е важна компонента во разбирањето и задоволството. За да живеете со исполнет и опуштен живот, потребно е да се познава и да се разбере својот ум и своите однесувања. Ретко кој свесно избира да биде незадоволен и несреќен, но често тоа е примарна состојба на постоењето.

Како ги бираме своите чувства и ситуации во кои се наоѓаме, прва и најважна компонента е токму отворениот ум кој сака нови знаења. Новото знаење овожможува препознавање на квалитетни и конструктивни идеи, техники и вештини кои ве оплеменуваат и со кои се отворате со автентични искуства.

Кога ќе го видите и доживеете светот на свој начин давате единствен потпис на се’ што правите. Токму вашата единствена перспектива допринесува и дава дополнителна вредност на целиот систем во светот што ја зголемува вашата вродена креативност.

Вашата визија е ваш допринос! Со отворениот ум ги реализирате идеите со кои ги инспирирате сите околу себе, со што ја зголемувате мотивацијата и самодовербата. Најголемо и највредно богатство е вашиот ум, кој секогаш ви е на располагање ако се одлучите да го запознаете и да се отворите за нов поглед на себе и животот..Умот е се’.

Она што мислиш, тоа стануваш -Буда.

Ивана Сонг

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: