Постојат луѓе кои не можеш да ги опишеш- само ги сакаш

Еден настан, една слика, една песна може да разбуди потенцијал, креативност, однесување за идеја, добра мисла. Тоа што го има во мене го спознавам само како твоја рефлексија, тоа е преполна душа која треба да излезе, а ти си каналот на сознанието.

Човек не треба да се воздржува, затоа што добрата енергија треба да се сподели, да циркулира. Мило ми е што и ти го препознаваш моментот и потребата да ги споделиш своите чувства и емоции со најблиските кои многу ти значат.

Заедно одиме на повисоко ниво, не затворајќи се само во својот свет, туку енергијата од нашата љубов почнува да се шири.

Секој треба да биде одговорен кон себе и сопсвените потреби. Се гледам себе во тебе, како огледало и тоа е мојата потреба.

Душо, нашите потреби се поклопуваат, како нашите раце, кога стојат една врз друга.

Горан

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: