Дали жените 40+ , се во кризни или најубави години?

Опасно е тоа доба, збунувачко, за кратко ќе те излаже. Време кога се составуваат коцките. Очекувањата од животот добиваат јасни граници. Некои желби останаа неисполнети, некои соништа веќе отсонувани, некои надежи прежалени.

Не си ниту ваму, ниту таму. Ниту млада, ниту стара. Се чини дека се’ е исто како порано, но силата незабележително се смалува, енергијата се менува, ранливоста расте, добро скриена и од тебе сама.

А уште повеќе, некои внатрешни огнови даваат сјај во очите, ги осветлуваат плановите за иднината, ја греат душа. Се запозна себе, знаеш што ти годи, кој те нервира, што сакаш, кого сакаш, знаеш каде грешиш, како реагираш на пофалби, навреди, разочарувања, нежност, добрина. Знаеш од кого и што да очекуваш, од што да се чуваш, кого да чуваш, што те прави среќна, а што те смирува.

Знаеш кој да го избегнуваш, од кого да се плашиш, кого да прецрташ. Тоа знаење е твое богатство, со години го градеше. Искористи го, тоа е твоја предност и сила.

Убава си, многу си убава. Свети од тебе љубов која со години ја примаше и даваше, насмевки кои ги предизвикуваше, добрини со кои некој направи среќен, нежност која ја подари, топлина со која милуваше нечие постење.

Моќни се овие години. Можат да бидат прекрасни. Ако одбереш да не го живуркаш овој живот.

Извор: uspesnazena

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: