Не се плаши од моите зборови, туку од мојата тишина

Не се грижи, кога ќе викам на тебе или кога за нешто те обвинувам. Не се грижи, кога ќе ти тропнам на вратата во глуво доба, бидејќи сум навредена. Не се грижи, кога плачам ноќе поради нешто што ми рече.

Но, загрижи се кога мојата порака е само еден збор. Кога ќе престанам со тебе да се расправам, кога ќе престанам да тропам на твојата врата и загрижи се кога ќе престанам да плачам, да зборувам и да реагирам.

Бидејќи тоа значи дека не си вреден за расправија, не си вреден за лутина и твојот пламен кој некогаш го користеше да ја запалиш мојата страст, сега се олади. Ќе научиш дека мојата тишина ќе биде многу поопасна од моите зборови, мојата тишина може да уништи многу повеќе отколку моите зборови кажани порано. Моето молчење значи дека не си повеќе тој кој е во моите мисли, бидејќи не си вреден за сета таа бука.

Видиш, јас сакам зборови, јас живеам за зборови, можам да пишувам засекогаш, бидејќи зборовите можам да ги почувствувам, бидејќи доаѓаат од срцето, бидејќи тие ја преставуваат мојата длабочина и затоа што се искрени. Но, мразам тишина.

Не ми е пријатно со зборови кои не се неизречени, ниту да живеам со чувства кои се оставени без надзор и занемарување на срцето. Моите зборови се моја љубов, моја тишина е мое заминување, тоа е почеток на крајот.

Моето молчење значи дека не ми е грижа, мојата тишина значи дека не ги заслужуваш моите зборови, дека се откажувам од тебе. Моето молчење е одговор на твојата тишина. Така јас се наоѓам со тебе.

Солзите кои не можам да ги задржам, ти покажуваат дека ми значиш се’. Не се плаши од нив, почитувај ги, тие ти покажуваат дека сакам да останам. Сакам да се борам за тебе.

Но, загрижи се кога сето тоа ќе запре. Уплаши се од денот кога се’ ќе биде тивко, стравувај од ноќите кога ќе ме повредиш, а јас само ќе се насмевнам, кога ќе ме галиш, а јас нема да реагирам. Бидејќи тоа ќе значи дека сум подготвена да си одам, а тоа значи дека сум подготвена да исчезнам.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: