Сите се “стручњаци”…. АМА големо АМА!

Нив ги има буквално насекаде, народски кажано “кај не ги сееш таму никнуваат”. Во било кое време, на било кое место ќе ги видиш како глумат жири комисија, ама дигаш раменици и си викаш во себе : ‘Господе дај им малку совест, ако веќе за ум е доцна’.

Познато ли ви звучи? Да, да тоа се  “стручњаци “!”Стручњаци” се, да солат памет каде и на кого ќе стигнат, демек најдобро знаат, како да се енциклопедија во движење. Си мислат дека имаат натпросечно IQ, а тоа да ми ти е помало од должината на една женска штикла, во превод трагикомедија!

“Стручњаци” се да коментираат, да дадат нивен “благослов”, некој совет гратис, мислиш душа од човек! Не, не, тие се само камелеони менуваат боја како нив, ама душата и понатаму им е црна!

“Стручњаци” се, да се мешаат во туѓи домови, семејства, бракови, мислиш животот ги пратил да глумат упатство за живеење, а и самите живеат ко паразити! “Стручњаци” се, да те сретнат на улица и наместо “здраво” или “како си”, да ти кажат најзлонамерно АМА  секако со цинична насмевка : ‘Аиии многу си се здебелила, ослаби итно или пак многу си ослабнала, да не си болна нешто’? 

“Стручњаци” се, да ги “оценат” луѓето, како да имаат вградено полиграф во себе и знаат сите како дишат и кој ја зборува вистината! Едно знам јас, од таквите квази стручњаци не се дише! Загаден ни е воздухот и од нивната алчност и љубомора и простаклук! 

Тоа е вистината за жал, и затоа општеството ни е претворено во “институција” или наша мала клиника во превод!

Моите зборови не се доволно оштри, реалноста е таа што нѐ боде! Прст на чело луѓе, ни треба стручњаци за љубов, почит и разбирање, тоа ни треба! 

Внимавајте на зборовите, делата зошто животот е бумеранг, ти враќа само и само она што си дал!

Калимеро

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: