Зошто желбата ни се исполнува кога најмалку очекуваме?

др. Брус Липтон е молекуларен биолог кој е познат по тоа што ги спојува науката и духовноста. Ова е негова колумна, негово искуство, како да се пронајде Љубовта на својот живот.

Со своите 40 години, јас составив тажен попис на своите пропаднати односи, поради кои верував, дека љубовта е литературна измислица, фантазија овековечена во Холивуд. Но, без оглед на тоа, што ми недостасуваше тоа фиктивно искуство, не се откажував, бидејќи чувствував дека ‘треба’ да продолжам со потрагата по љубовниот вез.

Сосем случајно (ништо всушност не е случајно), прифатив работа на Карипските острови, со прекрасна, добро платена работа, живеев во феноменална вила со базен и приватна плажа, со поглед на зајдисонце.

Можев да испратам најфантастичен повик од типот: ‘Еј, дојди да се дружиш со мене во мојата карипска вила’. Се обидував неколку пати и не ‘запали’, но не се откажував.

Еден ден во клубот, запознав многу пријатна жена, која пловеше по Карипските острови со пријателите. Ручавме, испивме неколку пијачки и јас, полн со надеж, ја искажав својата фантастична идеја. По неколку минути тишина, ме погледна во очи и ми рече:’ Не можам да бидам со тебе…ти премногу бараш’. Иако нејзиниот одговор во секунда ме остави без здив, искрено и’ реков: ‘Ти благодарам, тоа ми требаше!’

Размислувајќи за нејзиниот одговор, ‘премногу бараш’ ми беше чудно. Здрав сум, имам пари, сјајна работа, живеам во прекрасна вила. И постојано се измачував со прашањето: Зошто не можам да бидам среќен со сите прекрасни работи кои веќе ги имам?

Наместо да плачам за она што немам, почнав да се насочувам кон благодарност, поради ‘даровите’ кои веќе ги имав. Наскоро бев толку заокупиран со уживање во својот живот, што не ми недостасуваше партнерка.

Во процесот се случи нешто волшебно. Почнав да се сакам себе си. Пред тоа, кога себе си ќе се видев во огледало, низ главата ми поминуваа повеќе мои недостатоци. Тоа беа моите потсвесни програми кои ме саботираа, а ги стекнав од детството кое беше далеку од совршено.

Наскоро можев да го погледнам својот одраз во огледало и да ги почитувам позитивните особини кои ги стекнав во животот. Во процесот на репрограмирање на своите потсвесни уверувања, ги заменив негативните програми со позитивни афирмации, доживувајќи чудесна преобразба.

Кога научив да се сакам себе си, мојот живот волшебно се преобрази од чистилиште, до рај на земјата. Интересно е тоа дека во мојот живот, откога не чувствував потреба за жена, ми се случија многу прекрасни ‘потенцијални сопруги’. Успехот на мојата преобразба е мојот 20- годишен брак со мојата жена Маргарет.
Лекцијата која ја добив е многу длабока. За да ја искусиме љубовта во овој свет, прво мораме ние самите да бидеме Љубов. Во спротивно, нашите врски се зависнички. Зависиме од тоа, дали другата личност ни ја дава љубовта која ја бараме.

Ви посакувам на сите да можете да застанете пред огледало, без да упатувате критики кон себе и искрено да речете: ‘Се сакам себе’. Кога вашето енергетско поле вибрира на фрекфенцијата на љубовта, низ складна резонанца, ќе се најдете во светот на мирот, складот и секако љубовта.


Извор: www.brucelipton.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: