Што е тоа што не можеш да го пуштиш и преболиш?

Понекогаш посакуваш да викнеш толку силно, на цел глас, само за да ја исфрлиш болката од себе. Но, таа како да пуштила корени, токму тука, во твоето срце, цврсто решена да не оди никаде.

Што и да правиш, таа е тука како сенка над твојата светлина. Болката на која ти и даде лик, а никогаш не беше љубов.

Ти го распорува срцето и ти ја парчосува душата. Местата кои будат спомени, а ти не се осудуваш ниту да погледнеш кон нив, а камоли да отидеш таму. Онаму каде што ти искрено сакаше, а не беше сакана.

И што е тоа што те фрла на колена, како птица со скршени крилја? Што е тоа што не ти излегува од срцето? Што е тоа што не можеш да го пуштиш и преболиш?

Беше твој приоритет, а не виде дека за него беше само опција. Неколку празни и безлични пораки колку да си ја разбие монотонијата, а ти посакуваше да му напишеш цел роман со златни букви. Додека тој не те забележуваше, ти живееше во свет во кој постои само тој.

Безрезервно му го даде своето срце, а тој го згази…Подари она што ти е највредно, своето време, а тој немилосрдно го потроши, оставајќи те да чекаш. Да веруваш во лаги и измислици.

За него ти беше само капка во морето, а тој беше твоето море во капка… 

by Росана

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: