Пушти ги луѓето да си одат, тогаш многу ќе научиш за нив

Види душо моја, во младешките години од твојот живот, ќе поминеш низ неколку фази. Од нив две се најважни: фаза на игра и фаза на идеализација. Во нив ќе уживаш, но и во голема мера ќе бидеш несвесна за светот кој те опкружува, што е добро, бидејќи смислата на тие фази е токму тоа, да се играш и да идеализираш.

Потоа доаѓа една сосем поинаква фаза, фаза на болка и неприпаѓање. Ќе бидеш повредена и лута на цел свет. Ќе бидеш изгубена, гласна, бунтовна и се’ ќе правиш за да покажеш дека ниту најмалку не припаѓаш на светот во кој се наоѓаш.

Ќе ти откријам веднаш една тајна. Ти не припаѓаш на тој свет. Тој свет ти припаѓа тебе. Тој му припаѓа на секој од нас во иста мера..

Во оваа фаза ќе запознаеш неколку различни верзии од себе. Нема точно да знаеш која си, што си, ниту зошто си овде. Затоа ќе луташ. Тоа ќе биде фаза на лутање и откривање. Во тоа лутање нема да бидеш сама. Со тебе ќе лутаат секакви луѓе, оние кои во твојот живот ќе влезат случајно, некои намерно, но запомни дека никој кој влегува во твојот живот, не влегува без одредена причина.

Ќе запознаеш лажговци и измамници. Ќе запознаеш луѓе опседнати со материјални работи, опседнати со контрола, его, моќ и владеење. Ќе запознаеш луѓе со големо срце. Но и оние кои ќе се обидат да те скршат. Ќе запознаеш завист, омраза, страв, тежина и очај. Но, ќе запознаеш почитување, радост, сочувство, задоволство и нежност.

Тогаш ќе настапи фаза на трансформација. Во таа фаза ќе останеш потполно сама, а во тоа време на длабока осаменост, ќе сфатиш многу работи. Да речеме во оваа фаза ќе го отфрлиш сето она што на себе го навлече во предходните фази.

Тука ќе се соочиш со своите стравови, несигурности и сомнежи. Тоа е моментот кога ќе го доживееш своето повторно раѓање. Ќе имаш чувство како да излезе од сопственото тело, кое до тогаш е покриено со дебел и тежок покривач. И ќе излезеш. Ќе ја напуштиш чаурата во која до тогаш живееше и ќе станеш пеперутка. И пред да сфатиш што се случило, ќе полеташ.

Тоа воедно ќе биде и твојата последна фаза, фазата на прифаќање и реализација. Од тој момент па до крајот на животот ќе живееш како пеперутка, свесна дека еднаш одамна си била само преплашена гасеница.

Ингрид Дивковиќ

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: