Во кој момент паѓа нашата ‘одбрана’ и создаваме вистинската интимност со партнерот?

Да го откриеме нашето тело понекогаш и не е така тешко, но нашата душа ја откриваме само во интимност, која вистински ја покажуваме. Кога тоа ќе го направиме, го оставаме стравот зад себе, несигурноста и слабоста, а ние се чувствуваме многу ранливи.

Неверојатно е, колку е лесно да се слече облеката, а колку е тешко да се слече тој оклоп кој не’ штити. Но, само така две души можат да се допрат на најискрен начин.

Интимност се создава, кога две души ќе успеат да се допрат, кога ќе излезат надвор од телата и кога се создава врска, со најдлабокиот дел од човекот покрај нас. Од тој момент, нашите галења нема да останат само на кожата, туку и во душата. Само кога ќе си дозволиме себеси да гушкаме и да ја напуштиме одбраната, да се поздравиме со ригидноста, отвориме простор, за се’ што се наоѓа во нас.

Но, кој е клучот кој може да го отвори кафезот на нашето срце? Која е тајната да успееме, пополека, да покажеме кои сме навистина ние? Во кој момент паѓа нашата одбрана и ја започнуваме вистинската интимност?

Таа прекретница се нарекува доверба. Веројатно на почеток ќе биде тешко да се дојде до тоа, бидејќи ќе мора да се бориме против нашите одбранбени механизми, да ги отфрлиме еден по еден. Кога ќе успееме, ќе откриеме дека и да се сопнеме, другата личност ќе ни помогне да станеме и нема да исчезне, кога ќе и’ покажеме кои сме навистина.

Довербата доаѓа од прифаќањето. Тоа може да биде тешко, но само кога ќе постигнеме меѓусебната доверба, навистина можеме да ја започнеме нашата приказна. Таа приказна во која интимноста е клуч, која ги отвора ‘сигурните вентили’, што не’ турка да ни покаже она што сме. Без присилување, без други набљудувачи…само две чисти души.

Сомнеж ќе постои и затоа на почеток ја одбиваме таквата интимност. Да се покажеме без филтери, не’ прави чувствителни, а тогаш постои ризик дека другите нема да го направат истото.

А ако се покажеме во вистинско светло, повеќе нема да не’ сакаат? Што ако му кажеме се’ за нас и тој не’ ни возврати на чувствата? Што може да се случи кога ќе го отвориме срцето?

Секако можноста другиот да не рагира како што очекуваме, постои. Но, ако не се обидеме, никогаш нема да дознаеме дали во потполност ќе не’ профати. За да се дојде до длабоко ниво на доверба и за да се создаде таа интимност која толку ја посакуваме, мораме да ја тргнеме маската.

Со други зборови треба да ризикуваме. Ако тоа не го направиме, ќе немаме никогаш прилика да создадеме стабилни и вистински врски и да оствариме интимност со друга личност. Опкружени сме со површни односи, кои се одржуваат на неизречени критики; сексуални односи кои се хранат само со тело; стравови претрпени во самница; луѓе кои само служат за друштво, но не се вистински сплотени.

Време е да престанеме да градиме односи со многу стравови и ако тоа чувствуваме дека не е она што го сакаме. Мора да бидеме слободни, храбри и јаки. Мора да бараме она што заслужуваме. Интимноста е чувство полно со доверба и разбирање. Не смееме да се плашиме од тоа. Стравот нас не’ обзема и не’ заштитува, но исто така не’ спречува да продолжиме да растеме и да ги продлабочиме нашите односи. Ако сме имале лошо искуство во минатото, не значи дека ќе се повтори. Мора да имаме храброст да се обидеме повторно, а не да се затвораме во одбивањето. Мора да посакуваме нешто повеќе, нешто подобро.

Две души ќе успеат да се допрат една со друга, кога ќе имаме храброст да покажеме кои сме. Да се биде храбар, значи да се покаже својата суштина: да се избере автентичност, за да им дозволиме на другите да не’ забележат. Само на овој начин ќе се запознаеме и само на тој начин можеме да бидеме сигурни дека оние кои живеат на нашата страна, не’ сакаат поради она што сме.

Единствен начин да се чувствуваме доволно сигурно и да не се откажуваме од она што навистина сме е да се сакаме себе си. Само на тој начин ќе ги прифатиме нашите стравови, ќе почнеме да се почитуваме и да спречиме нашата несигурност да не’ спојува.

Само на тој начин ќе можеме да им покажеме на светот кои сме навистина. Заборавете на спојување на две тела и дозволете им на душите прво меѓусебно да се поврзат. Да се ослободиме од стравот и да се ослободиме од себеси, да се откриеме и да ги откриеме и другите.
Извадете ја шминката, оклопите и ослободете се од несигурности! Дозволете да ве запознаат онакви какви што сте навистина, бидејќи само на тој начин душите можат да се допрат.


Извор:https://lamenteemeravigliosa.it/intimita-anime-riescono-a-toccarsi

.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: