Не можете да ме угаснете…Не знаете зошто светам!

Ги гледам секојдневно околу себе луѓето кои имаат ‘тежок’ живот, бараат изговори, воздивнуваат и се откажуваат…И оние кои се борат, кои наоѓаат храброст да издржат- мора да издржат ‘само уште денес’..

Ги разбирам и едните и другите, бидејќи има денови кога не можам да се поднесам ниту јас себеси. И се борам и ‘можам’, бидејќи и во мене, како и во сите нас – стражари воин. Тој воин понекогаш е неподнослив, бидејќи не’ тера надвор од ѕидините на сигурната замка- а јас му благодарaм бидејќи ме држи жива, свесна, фокусирана и ми дава сила да истрам во секоја моја намера.

И да, јас ќе работам, бидејќи нема откажување. Моите пријатели ја гледаат мојата борба и ме прашуваат често: ‘Зошто тоа си го правиш?’ Дали тоа навистина ти е потребно?

Да, бидејќи ништо на мојот духовен пат што не предизвикало сериозно ангажирање, што било удобно и прекрасно- не донело вистинска Промена.

Животот секогаш ни подметнува нови предизвици. А како ќе научиме да се носиме со животот, ако ‘тоа’ не го вежбаме? Да се работи на себе значи да се дојде до сопствените длабочини и да се пронајде се’, токму се’ што се крие во нас.

Во текот на животот, трупаме толку вишоци и се полниме со толку многу ѓубре- со наши и туѓи очекувања, успеси и неуспеси, трауми, зависности и итн. И стануваме робови на навики, програми, очекувања, изговори…Ние повеќе не сме ‘Јас’ туку објект на насобрани искуства.

Ако во таа состојба ја гушкаме таканаречената ‘love& light’ филозофија и на сите постоечки искуства, без претходно чистење, собираме ‘позитивни’ афирмации, визуализации итн, тоа е исто како да гледаме во Сонцето додека стоиме на купишта ѓубре. И ни мириса под нозете, но ние се надеваме дека смрдеата ќе престане да биде неподнослива и повторуваме ‘Јас сум богат и успешен’.

Работата на себе, многумина го нарекуваат духовен пат и навистина не е лесна. Некогаш, се’ што работиме да ни биде пријатно, не значи и излегување од зоната на комфорот. За момент ќе го смирите умот, но потоа се’ е по старо. Ѓубрето е сеуште под нашите нозе.

Идејата за работа на себе не значи дека постојано ќе свети Сонце, туку ние да сме Ок и кога паѓа дожд! И да можеме да прифатиме баш се’ што ќе не’ пречека на патот, иако се’ доаѓа постојано, без милост.

Само ако се истражуваме себеси, со излегување од зоната на комфорот, можеме да ги уловиме сопствените обрасци кои водат кон страдање. Само со длабоко влегување во сопствениот неистражен дел од умот, каде мирува ‘Јас’ скриен меѓу куп искуства, можеме да го пронајдеме рецептот за среќа.

Нема постојана среќа во надворешните околности, се’ надвор од нас поминува и исчезнува. Единствен начин да бидеме среќни и задоволни- секојдневно 24/7- е да се пронајде сопственото Јас и да се живее во согласност со него.

А тоа не е лесно- и затоа ‘духовниот пат’ не е за секој. Да се соочиш со самиот себе е клучот на работа на себе, да се прифати полна одговорност за сопствената среќа и својот живот- се’ тоа понекогаш изгледа претешко…но, убаво еднаш рече Лао Це : ‘Кога ќе отпуштам она што сум, станувам се’ она што можам да бидам’.

А јас сакам да бидам се’ што можам да бидам.

Сања Радовиќ – Ом јога

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: