Умот го повторува она што срцето не може да го избрише

Се’ додека постои радост во срцето, постои причина да се живее. Понекогаш околностите ќе го скршат човекот и тој ќе ја изгуби својата радост. Но, животот ни сервира тешкотии и препреки, се’ додека не го скрши отпорот во нас, додека не не’ натера да научиме да се прифатиме себеси какви што сме, да прифатиме се’ што доаѓа и се’ што е.

Да се видиме и набљудуваме себеси и кога животот се игра со нас, кога се’ се руши, распаѓа, исчезнува, кога ја губиме нашата гордост, достоинство, кога исчезнува суетата, гордоста, љубомората, омразата, кога исчезнува отпорот кон се’.

Додека тоа исчезнува пополека прифаќаме, губиме некои делови од себе, а некои нови откриваме. Како да стануваме имуни се одрекуваме од се’, умираме, но повторно се раѓаме. Се’ што некогаш го вреднувавме, тоа сега ја губи вредноста во нас, во нашите очи, во нашите срца.

Сега ништо повеќе не морам…. Можам, но и не морам, бирам да работам она што сакам, бирам да мислам она што сакам, бирам да се чувствувам убаво. Пуштам да оди како што ќе оди, ги прифаќам луѓето такви какви што се не менувам никого, едноставно сето тоа само ќе ми се покаже.

Некои мисли се гласни, а некои многу тивки. Луѓето се преокупирани со непотребни мисли, ги исцрпуваат до исцрпување. Сфаќаш дека мора да поминеш низ сето ова само за да дојдеш до себе, неопходно е сето страдање и болка, за да видиш што е, а што не е. Стануваш благодарен, бидејќи дури сега ја осознаваш величенствената Божја промисла, дури сега си поблиску до Бог.

Не ти треба повеќе нечие објаснување, ниту потврда, се’ што те интересира го наоѓаш во себе, а со тоа не се затвораш за комуникација, отворен си секогаш, но навистина во себе се препознаваш.

Се’ повеќе се потпираш на говорот на срцето и се’ повеќе ти годи таа комуникација, преку тишина, мир, љубов, преку Бог.

Далибор Мацан

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: