Како го молиме Бог за прошка, а во исто време не сакаме да им простиме на другите?

Простувањето не смее да се темели на емоции бидејќи емоциите се одраз на нашите мисли, а кога одредени мисли, насочени кон некоја личност се негативни, тешко дека ќе простиме.

Последиците на простувањето се одразуваат на нашетa психофизичкa состојба. Неретко тоа се срцеви заболувања, проблеми со грбот, карцином, неможност да се фокусираме на гледањето напред во иднината…

Во случај нас некој да не ни простува, единствено што можеме да направиме е да ја благословиме таа личност и така да ја отвориме вратата во нашите животи. Она што открив сите овие години е дека луѓето меѓусебе најчесто се повредуваат несвесно, од незнаење..ненамерно…Навистина ретки се оние кои тоа го прават намерно..

Постојат луѓе кои се навредени и не сакаат да простат, мислејќи дека така ја ‘казнуваат’ другата личност, постојат луѓе кои не простуваат, бидејќи ја сакаат улогата на жртва, постојат оние кои не знаат како да простат, но и оние кои не сакаат.

Простувањето е одлука. Да го молиш Бог, да можеш да простиш, добар е начин за оние кои не знаат како, а кога ќе одлучиме искрено да простиме, на добар сме пат…треба да се потсетиме дека на некоја личност и’ простуваме не затоа што заслужува да се прости, туку поради тоа што ние заслужуваме МИР.

Простувањето е единствен начин во својот живот да го донесеме многу важниот мир. Всушност, како ќе ги молиме Бог за прошка, а во исто време не сакаме да им простиме на другите???…Зошто ни треба чувството на лутина, поради туѓа грешка? Зошто себе се казнуваме??

Простувањето е единствен начин да се тргне енергетската врзаност за ситуација во која некој не’ повредил…да се ослободиме од негативните емоции, кои во нас чукаат и го рушат нашето психофизичко здравје..

Подобро е да се каже: ‘Толку многу се сакам себе си, што се’ ти простувам’. Ако навлеземе малку подлабоко во темата на простувањето, тогаш е важно да се каже дека никогаш никој не може да не повреди.

Можеме само да се повредиме себе ако не простиме и осудуваме…не е важно што животот ни носи…она важното е како ние на тоа реагираме, дали ќе го отпуштиме минатото. Животот во минатото ја одзема нашата среќа. Оној кој се сака себе си, не мрази и не осудува никој.

Сакајте се себе си, простете им на сите.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: