Биди убава за оние што те сакаат, а уште поубава за оние што те мразат

Мишел Обама еднаш рече, дека себе си секогаш се става на прво место и нејзините потреби се најважната работа во животот. На прашањето, дали смета дека тоа е себично, рече: ‘Тоа е практично, а не себично. Премногу време поминуваме игнорирајќи ги сопствените потреби, поради грижа за другите и решавање на туѓите проблеми. Мојот совет за сите е -Вложувајте во себе, подеднакво како во другите.

Во современото општество сеуште постои мит, дека жената својот живот треба да им го посвети на другите, мажот, децата. Ако себе си се поставиме на прво место, не значи да се занемарат другите во потполност, туку да научиме како да имаме среќен живот, пред се’ водејќи сметка за себе. Тоа е филозофија, со која секоја жена мора да се води.

Кога жената се грижи за себе и своите потреби, станува посреќна, а тогаш убавите работи почнуваат да се случуваат. Кога ќе се рече ‘вложување во себе’, многумина помислуваат на физичкиот изглед.

Меѓутоа, тоа е многу широк поим. Вложување, во смисла на духовното надоградување, учење на нови работи и угодување на себе си. Тоа значи исполнување на некои желби и работи кои вистински предизвикуваат радост. Не е природно постојано да се грижат за другите и нивните животи. Ниту една мајка не смее да дозволи да го занемари својот живот, поради децата и да стане нивен роб. Добра мајка и сопруга не е онаа која семејството ќе го пречека со ручек, испеглани алишта и средена куќа. Добра мајка и сопруга е онаа која е среќна.

Зошто овој став го менува животот од корен?

– Испраќате порака на луѓето како да се однесуваат кон вас. Ако се почитувате самите себе и другите ќе го направат тоа. Ако држите до себе и своите ставови, опкружувањето кон вас ќе се однесува со големо почитување.

– Станувате емотивно стабилни, бидејќи ништо не очекувате од другите.

– Здравјето станува подобро

– Имате повеќе време за себе, а тоа носи мир и радост. Конечно имате прилика да се откриете себе во потполност. Ќе научите кои работи ви одговараат, а кои не.

– Ќе ги привлекувате вистински луѓе, работи и ситуации во својот живот. Среќните луѓе стануваат креатори на својот живот, исполнети се, подготвени за дружење и поуспешни во секоја животна сфера.

– Кога ќе станете љубезни кон себе, така ќе се однесувате и кон другите.

– Знаете дека туѓото одобрување не е потребно. Луѓето кои се свесни за себе и своите квалитети не зависат од туѓото мислење. А јаките личности се само оние кои вложуваат во себе.

– Растеретени сте. Кога ќе научите, дека не е ваша обврска да ги решавате сите туѓи проблеми, можете да вдишете живот со полни гради, многу порелаксирани и среќни.

извор:alternativazdravlje

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: