Не се одмаздувај! Само ќе си ги извалкаш рацете

Довербата е мост од стакло, кршлива и транспарентна, која го прати нашиот живот. Потребно е многу време и труд да се изгради, затоа се чини повредна.

Меѓутоа, иако тоа бара многу работа и носи многу среќа, довербата често ќе биде уништена во неколку секунди, со наша немарност, наши себични делувања и ставови. Кога едно така многу важно чувство, како што е довербата почнува да се распаѓа, нешто во нас умира. Тоа се случува, затоа што една лага, фрла сомнеж на илјада вистини, што пак не’ тера да се запрашаме и да ги преиспитаме случувањата, во кои сме верувале дека се искрени.

Лагата има кратки нозе и долг нос.

Иако лагата може да достигне незамисливи граници, вистината секогаш излегува на површина. Како велат, брзо ќе се препознае лажгото, бидејќи неговите зборови и постапки немаат цврсти докази. ‘Птицата на гранка никогаш нема да се уплаши, ако гранката се скрши, бидејќи нејзината доверба не е во гранката, туку во нејзините крила’.

Вообичаено е да се слушне: ‘Ако некој те предаде еднаш, грешката е во другиот, но ако те предаде два пати, тоа е твоја вина’. Сигурно е дека ова тврдење е точно, но е исто така вистина е дека мораме се’ да земеме со резерва. Идејата е да учиме на своите грешки и да не ги повторуваме, но никогаш не треба да се чувствуваме виновни поради предавството на другите.

Како можеме да бидеме одговорни поради предавството на другите? Меѓутоа, многу е веројатно, тоа ќе ве мачи и во повеќе наврати, ќе се чувствувате глупо, паѓајќи во таа мрежа.

Ние не можеме да ги предвидуваме работите, ниту сме без грешка. Ни другите не се совршени и во некои случаи, мора да сфатиме дека дури и добрите луѓе прават грешки и треба да бидеме подготвени да простиме.

Емоционална рана поради неверството.

Неблагодарноста и предавството повредуваат, посебно кога се однесуваат на луѓе кои ги сакаме, како на пример нашите партнери, нашите пријатели и нашето семејство. Кога тоа ќе се случи, бесот и немоќта не’ обземаат, што прави да изгубиме трпение. Исто така е многу болно (и за жал често), некој да направи нешто за нас очекувајќи нешто да добие за возврат.

Овој облик на предавство го крши калапот и го трансформира нашиот емотивен свет во хаос. Меѓутоа, дури и ако неверството не’ боли во длабочината на нашето срце, нема многу смисла да го менуваме нашето битие поради тоа што сме повредени, како што не мораме лошо да се однесуваме кон другите луѓе, поради ‘освета или инает’.

Иако може да изгледа неверојатно, оваа реакција е многу чест случај кога ‘емоционалната повреда’ е отворена и инфицирана. Исто така, не е неопходно да се носи оклоп пред сите луѓе околу нас, бидејќи во минатото ни се исмејувале. Доволно е да се заштитите од предавници.

Како да се надмине лагата, предавството и неверството

Смирено, отворено, искрено и чесно во нашите односи е основа за одржување на нашата свест. Меѓутоа, сомнежот, огорченоста и лагата не’ повредуваат, горат и трујат. Слично на тоа, иако длабоката недоверба не’ боцка одвнатре, сите можеме да ја надминеме.

Нормално е во такви ситуации сомнежот да расте, а со неа и огорченоста, но тоа не би требало да биде причина да не им веруваме на другите. Иако во повеќе наврати се наоѓаме во непосакувани ситуации, мораме да сфатиме дека тоа е прилика да се развиваме како луѓе и внимателно да ги бираме луѓето кои не’ опкружуваат.

Извор: lamenteemeravigliosa.it

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: