Премолчена вистина

Деновите се возбудливи, но почнуваат да стануваат монотони. Секој ден го пиеме истото кафе и се преправаме дека нешто ни се случува. Динамичниот живот никогаш не бил моја омилена страна, па затоа вака и да не ми е пријатно, велам дека ми е пријатно.

Секој ден ги поминуваме истите нешта. Зборуваме за слични работи, се смееме на исти нешта и повремено ме потсетуваш дека јас сум најубавото нешто кое се случило во твојот живот. И колку и да звучи бајковито, тоа навистина беше така. Во мигови ќе ми ја допреше дланката со твојата, не водејќи грижа за тоа дали некој воопшто не гледа. Ќе ми го наросуваше вратот со твоите влажни здивови и ќе зборувавме за твоето омилено јадење. Ќе зборувавме за тоа колку е опасен сексот и какви љубови досега сме искусиле.

Нештата не се менуваа, само растеа. Растеше и мојата љубов кон тебе, растеше желбата да те видам, да те помирисам, да позборувам со тебе. Растеше и желбата наскоро да го имаме првиот секс, а и самата помисла на твоето тело над моето. Како надојдено тесто ми го полнеше срцето и кога ќе заминеше ти – истото се празнеше.

Како и се` останато, така растеше и желбата еден ден да имам твое дете. Растеше желбата и помислата дека еден ден ние може да сме семејство, во кое секој ден од наутро до вечерта, ќе се живееше истата рутина и никогаш здосадена – првото кафе заедно, после добар секс; бакнеж на чело, го најадуваме нашето дете и секој ја извршува својата работа во својот агол; па вечерта легнуваме и следното утро е истиот ритам.

И така секој ден, чинам. Растеше  и желбата да го слушнам твоето Те сакам, и колку и да ми е монотоно од самата помисла на тоа колку ме правиш совршен со секој збор и постапка, повторно би те слушал да го зборуваш истото.

 По некое време, ќе заборавев дека знаеш да сакаш, дека знаеш да сослушуваш. А за волја на вистината, ти се` што правеше беше тоа. Ме слушаше, ме задржуваше, ме бакнуваше и се согласуваше за скоро се` што ќе кажев.
Можеби и во тоа беше проклетството, можеби не ми требаше некој што на секој мој збор ќе кимнува со главата. Можеби ми требаше некој со кој ќе се карав секојдневно, и ќе имаше спротивно мислење од моето.

Прашање на време ми беше да сфатам некои работи. Не треба да сум тој кој што ќе заглавува во секоја мисла и ќе се измачува со помислата дека ти не си за мене и дека треба некој со кој ќе имаме спротивно мислење.
Вистината е дека ми требаш. Повеќе од било кој, ми требаш. Сложувај се за се`, нека.
Наросувај ми го челото со твоите бакнежи. Би останал со тебе. Во тоа сум сигурен.

И ќе почекам, ако треба да ги слушнам тие два збора од твојата уста.
Ќе останам со тебе, затоа што тоа и ми треба истото. И јас сум среќникот што најдов нешто, во кое гледам се`, па и родител на моето дете. Гледам љубов на мојот живот и моја сродна душа.
 Дојдов до тебе, со сиот овој хаос во мојата глава и само ти се втурнав в прегратки. Ме праша што ми се случува, но кога ќе ти речам ништо оти ми е, преќутуваш.
Па, ти велам дека ништо не ми е и ти продолжуваш да ми дишиш над мојата глава. Таму некаде, го наоѓам својот дом и својот спокој – без разлика колку и да ми се премотуваат налудничави нешта во мојата глава и да го разглобувам истиот проблем кој не постои во реалноста.
И така одеднаш, како да престануваат да ми сметаат сите нешта за кои досега премислував по милион пати и не спиев ноќе.

И како од никаде, ја сфаќам суштината на мигот, оти сум на вистинското место, со срце кое ме исполнува до непрепознатливо.
А вечерта дојде побрзо од што очекував и часовникот отчукува миг кога би ни се затвориле очните капаци, за да се одмориме до наредното утро.

Те оставам да заспиеш пред мене. Ти ја превиткувам раката околу стомакот и ти ги прегрнувам сништата. Ти ги бркам сите стравови и оставам твојот мирис и уморното дишење од вечерната расправија да ме смири. Иако, на глас никако не би признал, но те љубам затоа што ти си поголем човек од што некогаш јас би можел да бидам.
Се будиш. Твоите очи полни со црнила во кои пропаѓам бавно – ме погледнуваат.

И во истиот миг, се прашувам како би изгледале тие очи кога би бил љубен од тебе. Не велиш  ништо и само ми ја обвиткуваш раката вплеткувајќи ја дланката со мојата. Со поспано лице, заруменето со траги од перницата, ти пламнуваат очите и сфаќам дека ќе ми ја кажеш вистината.
„Те сакам.“ – изустуваш.

Во тој миг, чувствувам тежина на градите, па олеснување на душата, побрзо од што претпоставував – како карпа да се тркала по рамениците мои и како да го носи сиот товар од мене.
Баш во тој миг, моето срце свршува. Како да сме го имале најдобриот секс во историјата на човештвото. 

Jован Илиески

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: