Благодарам за сите затворени врати и сите препреки

Колумна на Исидора Бјелица

Една од најчестите причини за страдање се изневерените очекувања- било да се однесува на самиот живот, кариера, љубов, семејство…Едноставно, колку повеќе се соочуваме со искушенија и препреки кои ни ги носи нашата стварност, бројот на изневерените очекувања ќе предизвикаат многу разочарувања и болка и така во круг.

Ова му е многу познато на секој кој работи на својот духовен пат, но она што е помалку познато и што постојано се повторува кај луѓето, кои копнеат за просветлување, дека и овде постои- следно ниво на болка, а тоа е кога не барате ништо, ни во емотивна и материјална смисла, не очекувате и не се надевате, а тогаш ќе се појават луѓе кои ќе го пробијат тој ваш емотивен ѕид со својата посебна благонаклоност, внимание, ветувања, неочекувана топлина и емпатија и тогаш сето тоа ќе го изневерат, што не ретко може да убие човек и да го фрли во уште поголем очај.

Таман ќе го спуштите оној гард на неочекување, во длабоко уверување дека постојат така прекрасни луѓе и тогаш ќе доживеете шок! Зошто им треба да ви се јават и да ви нудат помош кога вие тоа не сте го барале? Зошто ви нуделе подршка, тогаш кога не ви паѓаше на ум да ги контактирате? Зошто таква лага во моментот кога сте најранливи?

Има повеќе одговори- некои луѓе сакаат да бидат големи во сопствените очи- тоа се оние кои со леснотија зборуваат: ’Ако ви треба нешто, тука сум…’, но тоа е ниско ниво на граѓанската конверзација. Потешките случаеви се оние кои иако тоа не си го барал, тие ќе ја пробијат таа опна на неочекување и тогаш ве бараат и нудат се’- од раме за плачење, до подршка од секоја врста- ве уверуваат дека не сте сами и дека се тука за вас, што и да треба и исчезнуваат како ништо да не било.

Да не ги изнесувам своите трауматични случки, кои ме научија да не очекувам ништо од оние екстремно емпатични. Најтешкиот пример за наук, ми беше наш човек од Швајцарија, еминентен научник кој од нигде никаде се јави и понуди помош за лечење, ветувајќи дека не само што ќе ми овозможи и финансира лечење во најдобрата англиска клиника, туку дека ќе имам пристап до револуционерниот лек за рак, кој сам го открил и кој и’ го дава на Анџелина Џоли.

Помислувам, еве дар од небо, ангелот сам се појави од никаде. Во солзи поради неговата добрина, некако таа 2016 г, едвај организирам патување во тој Лондон, се јавувам на таа клиника, каде дознавам дека сето тоа е лага…Му пишувам писма, човекот исчезнува засекогаш. Не се јави никогаш.

Во такви ситуации најважно е да не почувствувате бес, лутина и очај, бидејќи најлошите хохштаплери се најслаткоречиви и веруваат дека се бесмртни. Во сето тоа видов добра животна лекција, дури и доза на хумор, па кога неодамна мојата пријателка ми кажа што доживеела со својот пријател, кој инаку е по професија лајфкоуч, имав многу искуства да и’ кажам, да и’ објаснам, дека тоа е просто нешто што често се случува, отколку што луѓето можат да замислат.

Сара е тешко болна. Ги доживеа сите предавства и разочарувања кои може една жена да доживее. Поради неразбирање и неемпатичност на најблиските кога болеста повторно и’ се врати, отиде во еден мал хостел, барем во мир да се исплаче, прашувајќи се себе си дали може да оди понатаму или ќе го заврши нејзиниот живот пред тој да заврши во најмачни околности.

Дознавајќи дека е многу лошо, нејзиниот, како што веруваше, пријател и човек кој ги стимулира другите да бидат најдобра своја верзија, се јави и и’ рече дека денес е зафатен, но дека утре доаѓа и нема да дозволи да и’ се случи било што, дека ќе и’ помогне да излезе од темната ноќ на душата во која влезе и дека самоубиството не е решение.

Не само што не дојде, туку никогаш повеќе не се јави. Беше најверојатно зафатен со приказната како да се стане најдобра верзија и да се мисли позитивно! Сара, која никој не сакаше да види тие денови, се согласи тој да дојде, бидејќи тој не е само нејзин пријател, тој е човекот кој ја знае тајната, знаењето како да ги надминеме и најочајните состојби, како да одиме понатаму кога животот ќе не’ сотре!

Она што е добра вест е дека Сара, која инаку се разболе од бројни предавства, неверства и ножеви во грб, го преживеа и ова предаство. Ми се јави за да ми се заблагодари, бидејќи ако не ја подготвев за таа посебна врста на преваранти, нарциси и продавачи на магла, Сара, поради својот ‘пријател’, лајфкоуч и мотивациски говорник кој се јави кога беше најтешко, а потоа ја изневери, можеше целосно да се скрши.

Но, затоа го пишам овој текст за сите луѓе кои страдаат, кои се во тешки животни ситуации, не ‘паѓајте’ на ветувања- додека не се случат! Не очајувајте поради туѓите лажни ветувања и гушкања, утеха и не се лутете на таквите луѓе, можеби страдаат од амнезија, а можеби се просто на патот кон откривање на најдобриот аспект на својата личност.

Многу од нив и понатаму веруваат дека сите се бесмртни и дека трагедиите им се случуваат само на другите. Простете им бидејќи немаат ни совест ни сеќавање, па ако нив не им е проблем да живеат со тоа што направиле, зошто да ви биде вам, на кои тоа им го направија. Зошто да се мачите со ужасот и предавството кое ви го направија.

Благословете ги, исфрлете ги од своите емоции ако не можете од главата. Покажете милост и кон себе и кон другите и така станете подобра своја варијанта. Тука ќе научите една од најважните лекции на животот.

На секој таков доаѓа еден ангел вистински- пријател вистински, бидејќи Господ никогаш не’ не остава без утеха…

Исидора Бјелица колумна за весникот ‘Nezavisne’

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: