Некои луѓе не се за вас, колку и да ги сакате

Кога еднаш ќе сфатиме дека во животот имаме и повеќе од она што сме заслужиле, ако бидеме благодарни на секој мал подарок кој ќе го добиеме, нашиот живот ќе биде исполнет со среќа.

Благодарноста е драгоцен начин да се грижиме за физичкото, менталното и духовното здравје.
Непријателите на умот како што се страв, грижа, гнев, жалост, депресија, илузија, завист и љубомора, природно го саботираат чувството на благодарност, бидејќи се фокусираме само на сопствените предизвици или очекувања.

Стравот упатува на тоа, дека не ја почитуваме сегашноста и минатото, туку премногу се грижиме за иднината.
Ако му дозволиме на илузиите да не’ заробат, нема да видиме ниту ќе доживееме божествена убавина, која е насекаде околу нас.

На пример, лажното его може понекогаш да го наведе човекот да мисли само на себе и да развие такви илузии за сопствената величина, што почнува да не ги почитува другите, ниту пак да го гледа Бог како највозвишена личност.
Од друга страна, чувството на несигурност или комплексот на помала вредност, исто така можат да ја спречат вистинската благодарност. Некои луѓе можат да примаат голема помош од другите, дури и од Бог, но нема да чувствуваат благодарност, поради недостаток на самодоверба, ниту да ги видат позитивните ситуации во својот живот, ниту пак со нив ќе се поистоветат. Со други зборови, не може да го видат вистински светот околу себе и затоа не знаат да го почитуваат тоа што го имаат.

Некои луѓе не можат никогаш да искажат благодарност, без оглед што им помагате или им служите. Денес многумина дури и не велат благодарам. Тие сметаат дека заслужуваат тоа што им доаѓа и дури очекуваат уште повеќе. Некои пак, не искажуваат благодарност, бидејќи не се свесни за она што другите им го прават. Не се во состојба да го почитуваат она што го добиваат, поради недостаток на самодоверба и спречени се да се усогласат со љубезноста која им доаѓа.

Затоа треба да ги практикуваме речениците:
‘ Благодарам. Ти благодарам Боже, што ми помогна да ја видам мојата завист. Ти благодарам, што ми помогна подлабоко да го согледам своето лажно его.
Ти благодарам што ми помогна да ја видам својата себичност итн.
Кога искрено ќе бидеме благодарни, ќе спречиме неблагодарноста да влијае на нашиот духовен раст.

Понекогаш мораме да дојдеме на такво ниво на благодарност за да можеме да речеме: ‘Ти благодарам, Господе, што ми дозволи да бидам болен и ми даде прилика повеќе да учам за себе. Ти благодарам за оваа прилика, за да бидам интроспективен. Ти благодарам, што ми даде можност да го ценам своето здравје и подобро да го користам тоа што го имам’.
Кога некој не’ критикува, можеме да му заблагодариме што ни помага подлабоко да се преиспитаме.

Кога некој не’ слави, можеме да му се заблагодариме на Бог што го покажува нашето големо его и не’ предупредува на свој начин дека треба да го смалиме.

Кога сме посрамени, можеме да бидеме благодарни на Бог што не’ носи кон понизност.
Кога имаме преголемо лажно его и нема да го почитуваме примерното однесување на другите луѓе, ќе ни помогне подобро да се согледаме себе си.

Ако се развиваме духовно, во нашиот живот ќе се случуваат ситуации кои ќе ни помогнат да го видиме својот напредок и ќе чувствуваме благодарност.
Кога вистински духовно напредуваме, природно стануваме понизни, бидејќи сфаќаме дека таквиот напредок ги надминува нашите можности. Поради големиот занес кој ќе почнеме да го доживуваме, ќе станеме уште по понизни.

Ако му дозволиме на Бог да делува преку нас, тогаш ќе се случуваат се’ повеќе позитивни промени и ќе бидеме во исчекување на следното искуство и нови пустоловини.

Извор:
duhovniratnik.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: