Немој никогаш да бидеш ‘златна резерва’

Во изминатиов период доживеав толку разочарувања. Една доообра тура на луѓе излетаа ‘на глава’ од мојот живот. Една нова тура луѓе, чека во мојот живот да влезе. Во меѓувреме, она што ми преостанува е да не ги дочекувам новите луѓе – огорчена.

По тешко преиспитување, простување, негирање, оживување, давање на нови шанси и конечно затворање на вратата за некои луѓе, дојдов до еден заклучок.

На егото нема сигурно да му се допадне, но, вистината е следна: Не се виновни другите луѓе. Главната причина за толкаво разочарување во луѓето, кои беа дел од мојот живот не е таа што простував без да ја слушам својата интуиција. Тоа е само една причина од низата. Главната причина е тоа што оние луѓе кои ми беа блиски, кои ги чувствував како свои, со кои делев се’- ги кревав на неверојатен пијадестал. Направив од нив СУПЕР – ЧОВЕК.

Специјални луѓе. Создадов нешто што всушност не се. Заборавив дека и тој човек- е само човек. Исто како мене. А тоа значи, создаден и од она што се споменува и од она што се премолчува.

И тој е човек. Се тешев кога по кој знае кој пат го проверував екранот од телефонот за да се уверам дека порака вистински не стигнала. И тој, без оглед колку е добар, љубезен и отворен во себе крие потенцијал на страв. Незнаење. Пакост. Затворање. Лага. Предавство. Сожалување. Одсуство на присуство.

Секој човек зад својот грб, секој ден, носи два подароци во рацете. Во едната нож, а во другата лек. Страв и љубов. Прашање е која рака тој ден ќе ни ја подаде. И тоа е човек.

Токму тој човек што те нервира. Бивши оној. Иден овој. Ти – сега. Луѓето на кој им се восхитуваш, симнуваш ѕвезди и на кои им се поклонуваш. Тоа значи дека од секоја личност можеш да очекуваш се’. И она најдобро и она најлошо. Колку и да мислиш дека ја познаваш. Колку да е добра. И колку да и’ се плашиш. Секој од нас во себе носи потенцијал за љубов. Страв. Сочувство. Љубомора. Искреност. Предавство. Лага.

Не знаеш што се крие зад таа насмевка или намуртена фаца. Биди свесен за тоа кога следниот пат ќе се загледаш во туѓите или во своите очи.

Биди за човек подготвен.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: