И ако не добиеш порака е исто така порака..

Кога една врата ќе се затвори, друга ќе се отвори. Но често, со толку жалење и болка гледаме на првата затворена врата, што сме слепи за вратата која ни се отвора. Еве неколку причини поради кои препреките, молитвите без одговор и затворена врата се вистински маскиран благослов:

1. Постојат алати на судбината кои ќе ве натераат да го смените смерот и да ја пронајдете другата врата за својата судбина. Рацете на судбината ве водат во друг правец, кој за вас е многу подобар и кој ќе ви донесе сигурна среќа.

2. Ве учи, како да се откажете од она што не можете да го задржите и да прифатите, дека можат да ви се одземат одредени работи без оглед колку ги сакате, а не можете ништо да направите во врска со тоа.

3. Ве учи, дека стоењето пред затворената врата е само губење на време, бидејќи никој нема да ја отвори за вас..само вашата душа ќе страда.

4. Затворената врата е вистинска животна лекција, бидејќи ве предупредува, дека без оглед на годините и животното искуство, уште не знаете што е најдобро за вас.

5. Ви дава мир, бидејќи почнувате да сфаќате дека не можете да се вратите во минатото и да ги форсирате работите такви какви што некогаш биле.

6. Ве потсетува на сите други затворени врати, кои ве донесоа до нешто убаво во вашиот живот, а дури сега разбирате дека се затворени со причина и сфаќате колку сте благодарни што не се отвориле, во времето кога сте посакувале.

7. Ве тера да излезете од зоната на комфорот и да ги испробате бравите на други врати, додека една од нив не се отвори.

8. Ве учи, како да се оди напред, кога ќе откриете дека заслужувате многу повеќе од губење на време, пред затворена врата.

9. Ви дава прилика да имате доверба во својата судбина, во Бог. Постојат силни чувства, за тоа како животот понекогаш функционира; постојат затворени врати кои посакувате да ги отворите и врата која посакувате да ја затворите. Понекогаш тоа не зависи од вас…туку од судбината.

10. Ве учи, дека некоја врата крие многу мрачни тајни, кои можат да и’ наштетат на вашата душа ако ја отворите. Тие се примери како работите можат да изгледаат убаво однадвор, а внатре неверојатно неубаво.

11. Покажува која врата треба да ја отворите за својата иднина и која врата посакувате засекогаш да ја затворите.

12. Ве носи кон вистинските луѓе во вашиот живот- кон оние кои ќе се грижат за вашата душа.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: