Не дозволувај за својот живот да се правдаш пред другите

Животот е само твој и нема потреба да се правдаш пред другите, кога нешто ќе направиш. Не си должна на никој да му ги објаснуваш своите постапки, избори, одлуки. Не си должна на никој да се објаснуваш себеси.

Не треба на никој да му објаснуваш зошто доиш, зошто роди пет деца или ниту едно и зошто не јадеш месо. Немаш ти што, на некој да му објаснуваш, зошто имаш вишок килограми. Се грижат, сакаат да знаат, да прашаат, да се пикаат, да се хранат со тоа, но не да се хранат со такви информации, Не.

Тие се хранат со твојата енергија, додека тоа сето го кажуваш, објаснуваш, брбориш, тумачиш. Тие ќе се нахранат и напијат, а ти остануваш празна, бидејќи ти зеле се’. Те исцицале.

Немој да ги храниш. И немој да се браниш, иако се чувствуваш нападнато можеби. Насочувај ја енергијата на некои други работи, некои работи од кои имаш конкретна корист. Батали, празни приказни. Пушти. На никој не му објаснувај. Научени сме дека треба да им ги тумачиме своите постапки- па дури и на непознати и луѓе со кои не сме блиски.

На никој не му должиш објаснување, зошто си ќелава, како тоа си болна, а истовремено и нашминкана, како тоа мајка ти умре, а не носиш црно и како тоа си несреќна и тажна, а имаш богати родители. Се грижат како ти не работиш, а имаш пари.

И тука ти настапуваш. Не објаснуваш. Не му должиш објаснување ниту на партнерот. Нема право никој на тебе и твоите одлуки, само ти, бидејќи само ти со нив живееш. Никој друг. Баш никој.

Подобро легни да спиеш, отколку да трошиш зборови. Од спиењето имаш некоја корист.

Ако нашите баби морале да објаснуваат, ние не мора и знаеме дека не мора. Не дозволувај животот да ти помине, за да им се објасниш на другите. Биди од оние жени кои живеат онака како што тие сакаат, онака како што ќе изберат и онака како им следи со оглед на изборите кои ќе ги направат.

Извор: pult24

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: