Никогаш не зборувајте однапред за своите планови и цели

Никогаш не зборувајте однапред за своите планови и цели, бидејќи на тој начин ја трошите енергијата за остварување на целта.

Еве неколку причини:

Планови

Не му зборувајте на никој што планирате се’ додека тоа не се оствари. Со зборувањето ја трошите енергијата за остварување на целта. Многу луѓе се уверија, дека кога многу зборуваат за она што планираат, секогаш нешто тргнува на лошо. За жал, со овие приказни им давате прилика на луѓето кои немаат добри намери, да ви ги пореметат плановите.

Со откажување

Ако сте избрале да живеете поздраво и помалку стресно, да се откажете од комфорот на модерниот живот, не раскажувајте наоколу. Духовниот мир нема да го пронајдете ако вашето откажување е ориентирано само на физички аспект. Тоа што сте се откажале од некои работи во животот, не значи дека сте подобри од другите. Ако нешто правите за другите, не зборувајте за тоа премногу. Најважно е некому да помогнете, а не во очите на другите да бидете добри.

Херојство

Мудреците велат дека некои луѓе добиваат надворешни предизвици, а постојат и предизвици кои се случуваат внатре во човекот и никој за нив не знае. Затоа, кога сте направиле нешто храбро за да се пофалите, задржете го тоа за себе. До вас можеби стои човек, кој имал многу тешки борби во животот и ги победил, но за тоа не зборува.

Семејни проблеми

Што помалку зборувате за проблемите во своето семејство, тоа ќе биде појако и постабилно. Не зборувајте премногу ниту со своите пријатели, бидејќи некои работи се случуваат само во семејството. Избегнувајте да зборувате за својот приватен живот.

Извор: Espreso.r.s

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: