Посебен е мирисот на позитивните луѓе. Мирисаат на надеж

Секој ден е нова задача. Секој ден почнуваме од почеток. Ништо не е непоправливо, бидејќи се’ додека дишеме можеме да одлучиме и да направиме нешто во поинаков смер. Не мора да живееме во пеколот кој сами ги создадовме.
Предавство. Тоа е најлошата работа. Деветиот круг на пеколот.
Не, кога ќе ве предаде некој друг, туку кога ќе се предадете самите себе.

Кога сфаќате дека сте ја продале својата среќа, ги згазивте своите соништа, ја задушивте својата страст. Речиси го замолчавте оној внатрешен глас и го угаснавте огнот во себе. Со вистинско живеење во радост и среќа.Онака искрено во согласност со себе.Тоа е најтажно кога ќе го видам кај луѓето. Кога очите повеќе не сјаат и кога не веруваат дека има надеж за нив. Кога во текот на живот сте исполнувале повеќе желби на својата околина отколку своите.Кога исполнувале форма, а тие сами не биле исполнети. Кога дишат, но повеќе не живеат. И се гушат во многу вина па тонат се’ подлабоко. Па ги обвинуваат другите, некои свесно, а некои несвесно.
А најлошо е што знаат во длабочината на душата дека тоа бил нивни избор и дека можеа поинаку. Само да се послушаа себе и да беа малку похрабри, малку поодлучни.
Ќе ги утеши сознанието кога ќе им кажеме дека правеле најдобро што знаеле. Бидејќи е вистина.
И кога ќе се разуверат дека има надеж за нив. Бидејќи има.
Секој ден е нов повик. Секој ден почнуваме од почеток. Ништо не е непоправливо, бидејќи се додека дишеме можеме да одлучиме и да направиме нешто во поинаков смер. Не мора да живееме во пеколот кој сами го направивме.
Ако ништо друго, тогаш барем осознаваме , дека исто така можеме да создадеме Рај. Прво во себе, во своето срце и ум, па потоа во својата околина. Никогаш не е доцна, никогаш. Освен ако ние така одлучиме. Потполна одговорност е на нас.
Не може никој да ви ја уништи среќата, освен ако вие тоа не го дозволите. Бидејќи колку и да мислите дека се жртвувате за вашите најблиски да бидат среќни, запомнете дека ништо не можете да им дадете ако вие не сте среќни. Вистински среќни.
Единствено тогаш можете да донесете добро и во нивниот живот. Се’ друго е непотребно. И се чувствува дека не е тоа Тоа. Бидејќи не можете да ја скриете енергијата со која зрачите. Ако вие сте сами во мракот, не можете да го осветлите другиот. Никако.
А знаете дека сакате. И знам дека можете. И знам дека имате најдобра намера. Само прво тргнете од себе. Тргнете ги оковите кои сами ги наметнавте. И живејте го својот живот по свои мерила. По свои вредности. Исполнети о среќни. Тоа е единствен рецепт.И тогаш ако навистина така живееме….еднаш кога ќе си одиме, нема да се каеме. Нема да жалине што не направивме ова или она…Нема да жалиме за потрошеното време. Бидејќи ќе знаеме дека сме живееле.Вистински.

Ива Брадариќ
https://suncanastrana.wordpress.com/

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: