Животна мудрост е да исклучиш се’ што не е важно

Ако сакаш да бидеш позитивна, охрабрувачка личност која ги живее своите соништа, многу е важна и околината во која се наоѓаш и луѓето со кои го поминуваш своето време.

Пробај што помалку време да поминуваш со негативни луѓе кои постојано кукаат, бидејќи негативните емоции многу лесно се пренесуваат. Ако сепак не можеш да го избегнеш дружењето со такви луѓе, тогаш во нивна близина едноставно исклучи се и не дозволувај нивниот став да влијае на тебе. Тие уживаат во улогата на жртва и не сакаат да ја прифатат одговорноста за својот живот.

Што е можно повеќе дружи се со среќни и насмеани луѓе, кои се инспирација и кои имаат позитивен став кон животот, бидејќи среќата е заразна.

Живееме во свет на безброј неважни работи, не’ гњават секој ден многу неважни луѓе, ни се нудат неважни настани и сето тоа се бори за ронка внимание во нашиот живот, сака да ни го одземе времето, енергијата, да се храни со неа, а нашиот живот да биде огорчен.

Живееме во светот кој го прераснавме, а сепак упорно живееме под неговите граници. Да се ослободиме од она непотребното и да препознаеме она што во нашиот живот ја прави разликата, само така ќе дојдеме до исполнет живот.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading