Ако ме љубиш, избери ме секој ден или засекогаш пушти ме

Не сум жена која ќе биде со тебе, ако сум само твоја опција. Јас сум приоритет. Не избор, туку прв избор. Давам љубов, a посакувам да ми се врати со подеднаква мерка. Ако тоа не е така, не ја гледам смислата на врската.

Ако ме љубиш, треба одново да ме бираш секој ден или пушти ме. И знам дека тоа нема да биде лесно. Всушност, многу тешко ќе биде.

Ќе има денови кога нема да се посакуваме. Ќе ти се чини дека е тешко да ме сакаш и ќе ме прифаќаш, како да се качуваш на стрмна планина.

Ќе има денови кога нема да ме сакаш, а јас тоа силно ќе го очекувам. Одбери ме дури и во тие тешки моменти. Или пушти ме да најдам некој, кој нема да си замине во екот на борбата.

Не можам да ти ветам, дека секојдневно ќе бидам жена на твоите соништа или дека секој ден ќе биде лесен и ќе поминува без вложен труд. Некогаш ќе мора да поминеме низ торнадо, наместо низ сонце и дождот да не’ совлада, наместо да гледаме виножито.

Но, вистинската предност на љубовта, која вреди е токму желбата да се соочиш со бурата. Пожелно е да останеш со мене, кога нашиот пат е трновит или пушти ме да го најдам сопствениот пат.

Кога се зборува за љубов, никој не сака да признае дека нејзиниот темел е токму избор. Не е само хемиска реакција на некој прекрасен човек, кој ќе го сретнеш како на филм и не можеш да се контролираш. Не е нешто што само ќе се случи. Тоа е избор кој мораш да го направиш и кој вклучува друга личност.

Прво е одлуката да бидеш со некој, да го одбереш да го сакаш. Затоа и ти го зборувам ова. Ако кажеш дека ме сакаш и ако кажеш дека сум твоја, а ти мој, очекувам да ме одбереш секој ден. Избери ме и кога сум безлична или кога е се’ прекрасно и обоено со весели бои. Избери ме, кога ни сама не знам зошто сум лута и не сум забавна. Избери ме, кога не можам да престанам да се смеам. Избери ме, кога не ме препознаваш или кога не можеш да престанеш да се прашуваш зошто порано не се сретнавме.

Избери ме. Прифати ме. Сакај ме. Без прашања и граници. Избери ме секој ден или засекогаш пушти ме. Ако не си подготвен да ме избереш, не си подготвен да ме сакаш. Навистина е едноставно.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: