Кога за некој си важен, тоа се гледа

Ќе зборуваш за себе..На толку различни начини. На начинот на кој влегуваш во просторија, поминуваш со прстите низ косата, се насмевнуваш, зборуваш, поздравуваш прва, нарачуваш кафе, се заблагодаруваш. Иако филџанот после тебе ќе остане празен.

Нема тоа да го забележиш, но биди сигурна, ќе забележат сите други. Твојата харизма е облечена во скромност, која секојдневно чекори со тебе рака под рака, а ќе зборуваат за тебе, повеќе од било кој скап фустан, торба или убави чевли.

Скромноста е многу, многу вредна од она што за своето тело ќе купиш. Негувај ја, те молам. Вредна е и толку ретка. Ќе зборуваш за себе. На толку различни начини.

Начинот на кој веруваш во луѓето, кои недоволно веруваат во себе. Начинот на кој некој ќе пофалиш, а тој мисли дека е премногу слаб, многу мал. Да му се даде некому парче од своите крила, по несреќата во кои тој своите крила ги скрши, тоа е она што ќе зборуваат за тебе, повеќе од било што друго.

Да не гледаш во лузните на човекот, туку во ‘линиите’ кои го прават посебен. Не може така секој, но ти можеш.

Не го тргај затоа погледот, те молам. Гледај право и кога се’ околу тебе ќе биде криво, бидејќи знаеш, токму со тишина да кажеш најмногу. А луѓето ќе уживаат да те слушаат.

Ингрид Дивковиќ

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: