Те молам, почитувај се. Не му се враќај на оној кој еднаш те изгубил

Не се враќај кај оној, кој побегна од твојата љубов. Оној кој замина и те остави сама, ранлива, додека го молеше да остане. Немој да му се враќаш на оној, кој го молеше да те љуби. Кој не ги исполни своите ветувања.

Заслужи некој, кој нема ниту во сон да помисли да те остави. Заслужи љубов, во која ќе бидеш сигурна дека си заштитена од страдања и болка. Заслужи некој кој никогаш не сака да ги види твоите солзи, поради нешто што ти направил.

Разбирам. Лесно е тоа да се направи кога оној кој те сака, те моли да останеш. Лесно е да веруваш, кога сакаш да слушнеш она што ти зборува. И посебно се сака оној, кој не треба да се сака.

Но, кога ќе те моли да се вратиш и кога ќе ти зборува дека се’ ќе биде поинаку и ќе ти зборува се’ што сакаш да слушнеш, те молам немој да веруваш во тоа. Тој ти покажа, кој е всушност, уште кога првиот пат те остави.

Што чувствува кон тебе, кога онака лесно се заврти и рече збогум?

Не биди луда. Знам дека очајнички сакаш да бидеш сакана, обожавана и безбрижна во љубовта. Но, оној кој еднаш те остави, никогаш нема да биде човекот, кој трајно ќе остане.

Затоа, не трчај веднаш штом ќе те побара. Не ја пополнувај неговата празнина. Бидејќи тој знае дека го сакаш. Тој знае дека ќе му бидеш достапна, кога тој ќе посака. Не му ја подарувај својата љубов на дланка, бидејќи повторно ќе ја скрши.

Засакај се прво себе. Побегни во друг смер ако се појави пред твојата врата. Трчај и не се врти. Токму како што тој направи со тебе. Вљубена си и тоа е ОК. Но, дали посакуваш некој да те почитува, сака и да ти се восхитува како ти него? Бидејќи во ваква љубов, никогаш нема да бидеш мирна, секогаш ќе се прашуваш, што ако повторно те остави. Бидејќи ти го запозна и знаеш што може да направи. Затоа не си го прави тоа.

Заштити го своето срце и кажи Не. Не заборавај дека еднаш веќе те скрши и повторно има толку храброст, да се појави пред тебе. Ти заслужуваш многу повеќе од него. Знам дека тоа сега е тешко за слушање, бидејќи си на раскрсница, знам дека се плашиш дека ќе останеш сама, ако него не го примиш.

Можеби ќе поверуваш дека се сменил, дека првиот пат згрешил што заминал, но те молам собери храброст и мисли на себе и своите чувства. По некое време, ќе видиш дека направи најдобра работа, бидејќи еднаш рече Не.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: