Доаѓа време кога не поставуваш прашања, бидејќи одговорите не те интересираат

Кажи ми, луд човеку, зарем сериозно мислиш дека ќе имаш време?

Да му кажеш извини, на некој кој си го повредил. Да му кажеш те сакам на оние без кои не можеш. Да ги гушнеш силно и да не ги пуштиш никогаш. Да си одиш од сите оние луѓе, кои ти зборуваат дека ти е страв да живееш. Еднаш барем во животот да се жрвуваш за нешто вредно!

Кажи ми, зарем навистина мислиш дека времето ќе ти прости, за она залудно потрошено време на гордост од инает? Мислиш дека некој ќе ти го врати назад? Сите моменти кои ги фрли во ветар, слепо чекајќи нешто што никогаш нема да дојде? Од страв и незнаење. Поради недостаток на волја и без ронка мотив за нешто ново.

Мислиш дека детето во тебе ќе ти прости што не си се борел за твоите соништа? Што не си дал се’ од себе за да ги претвориш во стварност? Зарем мислиш дека ќе имаш време за друга шанса, за следни прилики и нови искуства?

Зарем мислиш дека секогаш ќе имаш време да го посетиш уште еднаш своето омилено место, да ја прочиташ таа книга која со години ја бараш, да го гледаш со децата, нивниот омилен цртан филм?

Зарем мислиш дека еден ден нема да биде доцна? И тогаш ќе можеш да викаш на цел глас, но никој нема да те слушне. Ќе можеш да плачеш колку што сакаш, но никој нема да ти ги избрише солзите.

Во еден момент, ќе помислиш на сите луѓе на кои си им останал должен Љубов и ќе посакаш повторно да ги видиш. Да ги вратиш назад. И сите ветувања кои не си ги исполнил, ќе посакаш повеќе да не ги прекршиш.

Зарем навистина мислиш дека твојот часовник ниту еднаш нема да чукне крај на ова луда претстава наречена живот? И едно утро нема да те разбуди ниту дожд што тропа на прозорецот, ниту еден зрак сонце да влезе во собата?

И сите оние секојдневни работи и тривијални обврски кои ја правеле твојата стварност поубава, одненадеш ќе застанат. И се’ ќе исчезне.

И се’ друго ќе продолжи, но, ќе биде доцна. Ќе биде доцна за еден повик, едно извинување, една неостварена желба.

Бидејќи утре можеби не постои, но денес е секогаш се’ што имаш во своите раце. И зарем мислиш после се’, дека ќе имаш време колку што сакаш? И дека некогаш ќе бидеш подготвен за заминување. Секогаш останува нешто недовршено. Неиспиен филџан кафе, леб во тостерот…. Ќе останете недоречени. Односи, раскинувања, телефонски разговори.

Ќе остане душата. Гладна за љубов и жедна за убавина. Ќе останат оние неколку ‘Те љубам’. Заглавени во грлото и заробени во срцето. Ќе останат во соништата. Неостварени и давно заборавени.

И не мислиш дека е вистински момент? Да ги видиш уште еднаш оние кои ги сакаш. Да им дадеш насмевка, бакнеж, гушкање. Никогаш да не ги земаш здраво за готово. Никогаш да не заборавиш да им ја дадеш сета љубов на светот. Да го викнеш тоа толку гласно да им ѕвони во срцата.

Да го паметат тоа и тогаш кога тебе ќе те нема повеќе. Да го помниш тоа и тогаш кога нема да бидат повеќе. Само кога сакаш, времето не ти може ништо. Единствено време кое е потрошено на љубов не е потрошено време!

За сите други работи, верувај ми, немаме доволно време. Затоа прво сакај..а тогаш, ако стигнеш, работи што ти е по волја!

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: