Не бори се за она што не ти припаѓа- не е твое!

Ако во некој момент во односот со својот партнер сфатите дека мора нешто да се направи, бидејќе не сте задоволни, можеби е време прво да направите промена во себе. Тоа е патот кој води и кон личен и духовен раст. А како?

Секој човек е наш учител. Малку размислете, ако тој често вели дека сте егоист и тоа го докажува со факти, а вие упорно повторувате:-‘Не, не, ти си ми се’, само мислам на тебе’.

Треба да застанете малку и да размислите, ако тој верува дека ‘бркате кариера’, а вие веќе почнувате да повторувате во себе, дека можеби професионалниот успех навистина е лош. Или кога вели дека сака ненашминкани жени во спортска облека, а вие почнувате да се шминкате тајно, само кога тој не гледа и купувате нешто удобно, она што вам не ви се допаѓа, поради него.

Потоа сите ваши пријателки стануваат ‘будали’ и гледате идиотски серии и програми за глупаци, поради него. И во тоа нема никаков личен раст. Тоа е вистина.

Вашиот ‘идеален’ ви го прави тоа, бидејќи имате ниска самодоверба и затоа што му дозволувате. И на тоа не треба да се согласите.

Секој човек е учител. Во ред, проучете и оценете зошто ви е потребно тоа искуство и со нови сознанија за вас, тргнувајте понатаму.

А пред тоа, забележете дали тој човек на вас ги ‘качи’ своите комплекси и очекувања. Учителот треба прво да се излечи себе. Зошто ви е тоа потребно?

Ако во некој момент во односот, одеднаш сфатите дека треба да работите на нешто што не е во вашата природа или нешто градите, што ви прави ‘грч’ во стомакот, тогаш нека оди по ѓаволите таков маж. Не е ваш. Треба да покажете јасна желба, веднаш тоа да заврши.

Или ве прифаќаат со сите ваши особини и вкупни квалитети- или следен. А кризите- да, постојат. Само постои разлика: дали разговарате како ја користите пастата за заби или дискутирате за тоа дека некој треба да се подобри.

Прво- прашање е на однесување и взаемни договори, второ- лични особини. А ако тоа го нема, тогаш никогаш нема ни да биде.

Извор: cluber.com.ua

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: