Не знае желбата што е ‘Никогаш повеќе’

Животот е краток- никогаш не знаеш колку далеку можеш да одиш, ако не се обидеш!!

1. Не размислувај за минатото- тоа само те кочи. Некои истражувања тврдат, дека кариерата мора да се направи до 40-та година за да си ја осигураш својата пензија.  Се’ тоа е добро, но животот тешко се случува по правила. Убаво е кога имаш 20 или дури 25 години, искуство во една работа. Но, животот денес се случува многу брзо и ако не се развивате, ако не работите на себе, ќе дојде некој и ќе ве прегази во сите години на искуство. Често се случува некоја работа која пред 20 год била актуелна, денес да не постои.

2. Прашајте за помош- не плашете се! Денешниот свет се врти околу онаа изрека: ‘Ти мене- јас тебе!’ Трговијата со услуги, денес стана актуелна и почитувана во трговија на било кој производ. Не плашете се да прашате за помош, бидејќи никогаш не знаете, каде тоа може да ве доведе. Ништо не претпоставувајте- само барајте и ќе ви биде дадено!

3. Можеби сте заглавени моментално во лоша ситуација. Сте донеле некои животно важни одлуки. Ја оставате работата, која ви ги плаќа сметките и се впуштите во нешто, така ризично како што е приватна работа или било која нова работа.

Во што е фрката!? Ако не сега- кога?

Постои една изрека: ‘Мрдни се- не си дрво!’ Што значи, дека секоја промена е добра работа. Од неа се создаваат животните лекции. Како да ги направите големите животни промени?

Никогаш не е доцна за подобар живот! Дури по 40- та животот станува подобар: Повеќе сакаме, помалку бираме и замеруваме! Најтешко е да кукаме и да го молиме Бог, нешто да се смени.

Бог нема да ви помогне, ако сами себе си не си помогнете. Не дозволувајте уште една Нова година да ја дочекате несреќни на работа која не ја сакате.

Поместете се од местото, не дозволете да бидете заглавени во таа лоша ситуација.

Извор: Stil

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading