Kaко да се прифати и разбере животната неизвесност?

Најголемата цел која можете да си ја поставите себе си, е да пронајдете мир и да прифатите се’ во својот живот, без оглед на ситуацијата во која се наоѓате. Не ја бараjте среќата.

Aкo ја барате, нема да ја најдете, бидејќи барањето е спротивно од среќата. Среќата сама по себе е недостижна, но можно е да се постигне ослободување од Не – среќа, со соочување со стварноста, а не со бегање од неа. 

Примарната причина за несреќа, не е одредена ситуација, туку мислите за неа. Бидете свесни за своите мисли. Одвојте ги од ситуацијата, која е секогаш неутрална – и таква каква што е. Наместо да измислувате некои приказни, држете се до фактите. Пример- “готово е со мене” е изјава која ќе ве спречи, да превземете нешто конкретно, додека изјавата “имам 500 денари на сметката”, е фактот кој може да ве поттикне да ја поправите ситуација.

Ослободете го егото. Обидете се да уловите глас во вашата глава, кој можеби секој момент, има да каже нешто. Препознајте го како глас на егото – па кога и да го чуете, бидете свесни за тоа, дека тој не ве преставува вас. На овај начин, станувате слободни од егото, слободни од такви мисли.

Зошто се појавуваат анксиозност, стрес или негативен став? Тоа е затоа што го отфрлате, моментот во кој се наоѓате. А зошто тоа го правите?  Бидејќи мислите дека е нешто друго поважно. Само таа мала грешка, eдно криво сфаќање на ситуацијата, може да создаде цел свет на страдања.

Со прифаќање на сегашниот момент, ќе го пронајдете совршенството. Луѓето се убедени, дека среќата зависи од работите што се случуваат. Не разбираат притоа, дека сѐ се случува спонтано и независно, едно од друго.

Светот е во постојана промена – со прифаќање на сегашниот момент, можете да пронајдете совршенството, кое не може да се расипе со времето, бидејќи е независно од него. Ако се врзувате со минатото, поради некој и нешто, тоа значи дека треба повеќе да бидете во сегашниот момент, инаку ќе бидете приморани да го проживувате минатото повторно и повторно.

Концентрирајте се во својата внатрешност. Изедначувањето на себе си, со физичкото тело секогаш води до страдање, бидејќи телото е осудено на стареење и смрт. Тоа значи дека не треба да се грижиме за телото. Телото е силно, прекрасно, полно со живот, па можете да уживате во неговите атрибути додека трае.

Исто така, можете да ја поправите состојбата со храна и физичка активност. Ако се обидувате да бидете добри, нема да бидете, но ако ја пронајдете добрината во вас, ќе и дозволите да излезе на виделина.

Во колку сакате вистински мир, тогаш и ке го одберете!

извор: Мудрац

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: