Понекогаш мислиш дека си уморна, а всушност си тажна

Кои сме, всушност ние? Ние не сме нашите мисли. Од што се создадени нашите мисли? Желби, грижи, размислување за зборовите и постапките на другите луѓе. Зависно на кои мисли се препуштаме, таков надворешен облик себе си си градиме. Односно, тоа стануваме.

Ако ги реализираме своите желби, ќе станеме она што посакуваме. Ако ги реализираме своите стравови, ќе станеме она од што најповеќе се плашиме.

Дали треба да се препуштиме на желбите, а не на грижите?
Што е она најлошо што можеме да направиме за себе? Најлошо е да ги оставиме своите мисли без капетан и кормило, односно да се препуштиме на своите мисли и да немаме контрола над нив. Тогаш престануваме да владееме со себе и се препуштаме на бурите на надворешните случувања на кои сме изложени. Тогаш над нашите желби и методите за нивно остварување, преовладуваат грижите.

Тогаш зошто не ги сортираме своите мисли? Зошто да не ја искористиме единствената формула, со кои ги решаваме сите проблеми?

Формула гласи: Поделете ги своите мисли во две фиоки. Во првата ги ставате своите желби, соништа, надежи + методите за нивно остварување. Во втората фиока ставате ги сите грижи. Ние одлучуваме која фиока и кога ќе ја користиме.

Според првата фиока треба да се водиме. Таа треба да биде она што е приоритет секој ден и недела. Секој ден мораме да направиме чекор кој не’ води кон остварување на сите оние убави и големи работи од првата фиока. Втората фиока мора да ја избегнуваме.

И на крај, таа формула треба веднаш да ја примениме!

Секој чекор што ќе го направиме во текот на денот не’ одредува. Ако во понеделник превземеме одреден чекор во реализација на својата внатрешна желба, вториот чекор ќе го направиме во вторник, третиот во среда и така цела недела. Па следната недела. И тогаш ќе се разбудиме, ќе погледнеме зад себе и ќе забележиме дека цел еден месец, го посветивме на остварување на своите желби. Тоа е рецептот за реализација на секоја желба, за постигнување на било што во животот.

Бидејќи, нашата желба останува мисла, се додека ние не и’ дадеме надворешен облик, не ја исфрламе надвор од себе и не му покажуваме на Свемирот(Бог) дека тоа е она што посакуваме. Мора со своите постапки да му покажеме на свемирот, дека сме насочени кон остварување на одредени желби, бидејќи само на тој начин свемирот ќе ни помогне. Треба таа желба толку да ја посакуваме, со тоа што секој ден, со своите постапки ќе покажеме колку сакаме нејзино остварување.

А зошто е тоа важно? Свемирот (Бог) е тој кој ги остварува нашите желби. Затоа е важно секоја желба да ја извадиме од себе, да правиме чекори кон нејзиното остварување, за да може Свемирот(Бог) да ја забележи и оствари.

Луѓето често мислат дека се препуштени сами на себе. Така ќе биде се’ додека нивните желби остануваат во нивните мисли. Па, каде Свемирот (Бог) би стигнал да ги слуша сите мисли и молитви на секој човек поединечно?

Затоа треба да се биде гласен, упорен, да се превземе иницијативата во свои раце и да се започне пат на кој, на Свемирот(Бог) ќе му ги соопштувате своите желби преку свои постапки.

Како Свемирот(Бог) да ни помогне ако не ги знае нашите желби? Свемирот(Бог) послабо слуша, но добро гледа!

Овој земски живот е краток. Земскиот живот е дар. Тука сме да ги оствариме своите сништа, да станеме се’ она што сме замислиле дека можеме да станеме. Можеш да бидеш што ќе посакаш. Само биди јасен околу своите желби, претвори ги во цели и покажи му на Свемирот(Бог) што сакаш. И свемирот ќе ти даде.

И тогаш ќе се разбудиш и ќе сфатиш дека го живееш својот сон.

Извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: