Вљуби се кога ќе бидеш подготвена, а не кога си осамена…

Преплашена дека ќе го изгубиш, забораваш да живееш. Забораваш да се радуваш и смееш. Зарем е тоа цената која си подготвена да ја платиш за трошки нечија љубов?

На неговите усни тебе те собира во еден единствен збор,”бивша”. Изгуби го и престани да се плашиш. Ќе видиш дека денот може да биде прекрасен и без неговото ‘Добро утро’. Ноќта може да биде исполнета со прекрасни соништа и без неговото ‘Добра ноќ’.

Денот и ноќта се лично твои, обликувај ги според своите желби, исполни ги со своите соништа и надежи. Годините од твојот живот нека бидат само твои. Ниту еден ден од твојот живот не е залудно потрошен.

Ако си била среќна покрај погрешен, само замисли колку среќна би била покрај вистинскиот. Само помисли на спомените кои некој едвај чека да ги гради со тебе. Замени го стравот со надеж. Празен е животот одживеан во страв и исчекување.

За погрешниот и да го свртиш светот наопаку, ќе рече дека си го свртила на погрешна страна. Затоа сврти го светот наопаку за себе. Вљуби се кога ќе бидеш подготвена, а не кога си осамена…


Росана     

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: