Најважно е кога имате некој, кој ќе ви каже ‘Чувај се’

Што ќе се случи, ако можете да ја видите својата иднина во кристална топка- дека никогаш нема да ја сретнете љубовта на својот живот?

Сигурно не живеете во облаци како некои други луѓе. Не верувате во сродни души. Но, очекувате дека ќе сретнете некој кој ви се допаѓа. Некој, покрај кој ќе бидете на крајот на долгиот ден, кој ќе се грижи за вас, кога ќе се разболите или ќе ги слуша вашите приказни секоја вечер по работата. Некои се надеваат. Луѓе сме.

Вистина е дека сите сакаме да најдеме љубов- тоа не’ мачи постојано. Ама не сакаме да признаеме. Љубовта е на врвот на нашите акции, дури и кога не е на прво место во нашите умови.

Љубовта е она што ги инспирира вашите најголеми промени. Значи, ако знаете, со сигурност, дека никогаш нема да остварите љубов, како би го живееле животот поинаку? Што би менувале во својата дневна рутина? Што е со вашите долгорочни планови?

Вашиот прв одговор можеби би бил: ‘Ништо’. На крајот на краиштата, вие сте паметна личност. Имате планови кои не вклучуваат туѓо влијание. Но, размислете уште малку. Овде се работи за она што не сакаме да признаеме, а се однесува на љубовта: Алатката која ја користиме цело време- идејата, дека еден ден, некој ќе ги сака сите наши недостатоци е суптилен изговор да не работиме на истите. Сакаме некој да се појави кога ни е најмрачно и да не’ спаси, но, што ако знаеме дека тоа нема никогаш да се случи?

Ќе мораме да работиме се’ поинаку. Кога би знаеле дека љубовта нема никогаш да биде опција за нас, што би можело тоа да биде? Како ќе го организираме остатокот од својот живот? Дали ќе се фокусираме на кариера? Или ќе го искористиме времето за вложување во себе- ќе одиме на одмор, ќе патуваме понатаму, надвор од нашата зона на комфор?

И што е со вашите други односи- дали тие би добиле на тежина? Дали ќе поминете повеќе време со своето семејство, дали повеќе ќе ги почитувате ако знаете дека тие се луѓето кои најповеќе ќе ве сакаат до крајот на животот. Што е со вашите пријателства? Дали ќе ги негувате и повеќе ќе се грижите за луѓето кои ве сакаат платонски, ако знаете дека никој никогаш нема романтично да ве сака? Дали почесто ќе се дружите, ќе поделите малку повеќе живот?

Можете да живеете на сите континенти. Можете да се качувате и да успеете на корпоративните скалила. Можете да се вратите во училиште и да завршите она што од секогаш ве интересирало, без грижа за финансискиот терет, кој ќе го оптерети и некој друг.

Љубовта не’ кочи на бесконечни суптилни начини кои можеби не ги разбираме. А гаранцијата на нејзиното отсуство, може да биде само крајно чувство на ослободување. Отсуството на љубов за повеќето од нас ќе ги смени правилата на игра.

Во почеток ќе биде поразително, но со тек на време ќе оствариме крајно ослободување. Кога ќе се ослободиме од стравот дека ќе останеме сами, се отвораат бескрајни можности.

Ако не бараме љубов во нашите животи, ќе откриеме дека ние можеме да бидеме љубов на нашиот живот. Можеме да го поминеме нашиот живот, во личен развој, да се предизвикуваме и да се градиме себе си, за да бидеме поголеми, способни луѓе, од она што се надеваме дека ќе станеме.

Можеме да бидеме се’ што посакуваме. Можеме да ја изградиме својата сродна душа во себе.

Ако постои една работа која сите треба да престанеме да ја правиме, тоа е да чекаме некој друг да се појави и да ги смени нашите животи. Само бидете личноста која ја чекате. Живејте го својот живот како да сте љубов на својот живот. Бидејќи тоа е единствена работа која ја знаете- низ секој триумф, секој неуспех, секој страв и секој успех кој некогаш ќе го доживеете додека не умрете- вие ќе бидете присутни.

Мора да почнеме да почитуваме се’ она што носиме во нашите животи. Бидејќи најголема вистина е, дека сте најатрактивни кога не се грижите за тоа кого привлекувате. Кога го живеете својот живот со доверба, слободно и без ограничувања, вие емитирате енергија која едноставно не е можно да се одглуми. Енергија која е способна да го трансформира не само вашиот живот, туку и животот на луѓето околу вас.

Затоа престанете да ја барате ‘онаа вистинската’ личност со која ќе го поминете остатокот од животот. Бидете таа личност. И сите други нека ве бараат вас.

Извор: Atma

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: