Не си родена да бидеш какао другите…разбуди го детето во тебе!

“Дали знаеш дека е вредно секое благо на светот, за да се биде млад во срцето? И колку да си богат многу е подобро да си млад во срцето “ Волт Дизни

Дали е можно да бидеш млад со духот дури и тогаш кога си веќе голем и сериозен човек? Дали забавата која ни е достапна преку современите медиуми, може да го разгали тој дух? Или сепак е потребно нешто повеќе? И да е така, што ни треба?

Да тргнеме по ред.

Што воопшто значи да се биде млад со духот? Обично кога ќе помислиме на некој, за кој сметаме дека е разигран и детинест, во нашата фантазија замислуваме човек кој задоволно се смее, кој знае да се забавува, која ужива во друштво, личност која е можеби малку необична, но ведра и има многу животна енергија, која ја шири околу себе.

 Да бидеме искрени, нема многу луѓе кои се млади со духот, а да се во посериозни години. А сите би сакале да бидеме одвнатре млади, затоа што младите со духот делуваат така витално. А тоа значи да има живот во нив. Личноста која зрачи со внатрешна виталност, делува како да е се’ добро и успешно, се носи со секојдневните проблеми, како да знае да се забавува и тоа успешно да го пренесува и на другите луѓе.

Најверојатно живоста е заразна. Значи, за да можеме да бидеме млади во духот треба да знаеме повремено добро да се забавуваме. Како тоа да го направиме, покрај толку обврски? Во овој свет каде сите некаде брзаат, вечна борба, нашата најчеста забава е ТВ. Но, тоа сигурно нема да не’ одржи млади во духот. Програмите што ни ги нудат се дизајнирани на инстант ниво, во согласност со брзото темпо на живот и потрошувачкиот менталитет, што повеќе информации, помалку обработка. Се вели spiritus movens, духот кој движи.

 Значи, за да се оживее внатрешниот дух, тој мора да се движи, да биде активен. Во тоа е парадоксот на нашата современа забава, пасивноста уморува, иако ние мислиме поинаку. Ерих Форм во својата книга “Емоционална интелегенција“ зборува за уметноста на концентрација, во време кога сме затрупани со информации, како постигнување на нашата психа, со кое сосем површно се занимаваме.

Да се посвети внимение на некоја работа, значи да се даде цело ваше внимание, да се ужива во тоа, да се дозволи духот да биде обземен од она што се работи. Да се посветиш, има ист корен со светиш (светител). Тоа значи, она на што се посветуваме, за нас е свето, она за што сме обземени и што не’ исполнува. Ако често се ловиме како површно се зафаќаме со некоја работа, површно се забавуваме, ќе се најдеме во ситуација, која може да се опише како “премногу од се’ е никогаш доста“ (стих од песна- Pet Shop Boys – To much of anything is never enough).

Стануваме слични на “дупка без дно“, ништо не може да не’ исполни. Затоа што, ништо всушност не може да не’ исполни, ако ние во тоа не учествуваме. Нашето делување мора да стане свето.

За да го постигнеме тоа, доволно е она што во тој момент го работиме, да биде единствен извор на преокупација. Ова изгледа лесно, но ако вистински се концентрираме на само една работа во текот на денот, ќе видиме дека е тешко изводливо, иако вака изгледа ОК на прв поглед. Затоа што немаме развиена концентрација. Работиме обично повеќе работи истовремено, читаме, слушаме музика, разговараме по телефон, пишуваме порака…

Оваа мултипрактик варијанта во некои ситуации е корисна, но во други не ни помага, да се собереме и фокусираме на она што е важно. Затоа, малку источна вештина на концентрација и фокус, односно, задлабочување во суштина на работите не е на одмет. На тој начин можеме навистина да ги запознаеме работите околу нас и да го развиваме духот.

За Ерих Фром, концентрацијата е еден од предусловите за развој на зрелата личност. Многу психолози денес советуваат како да останеме во овој момент, како да бидеме присутни овде и сега, како да го почувствуваме овај единствен животен момент, кој во својата неповторливост и исполнетост нема да се појави. Затоа, да се развие ова вештина на концентрација и посветеност злато вреди.

Ако ги набљудуваме децата кога се играат, можеме, без посебен напор, да забележиме дека се тие многу активни : сложуваат коцки, цртаат , прашуваат , испитуваат, истражуваат. Многу се ангажирани.

Исто е и со нашиот дух или со нашето внатрешно дете. И тоа бара да биде активен учесник, создавател. За да го негуваме, треба да го дисциплинираме и креативно да го ангажираме. Тоа може да биде некое наше новооткриено хоби, читање, цртање, танц, дури и некоја обична прошетка во природа може да биде инспиративна. Не мора тоа да го работиме добро, важно е да го пронајдеме духот во нешто што работиме со радост и што не’ исполнува.

Заклучокот е – ако чувствуваме радост во она што го работиме, она што не’ исполнува со тоа го подмладуваме духот. Важно е целосно да се посветиме на она што го работиме и одредено време во текот на денот или неделата активно да се ангажираме. Внимателно да постапуваме со својот дух и да не дозволиме било какви други содржини да не’ окупираат.

Во спротивно се одалечуваме од својата виталност, бидејќи во нас лежи многу моќен извор на движечка сила. Пасивноста на долги патеки, заморува, духот смртно се досадува.

Тоа е прва важна особина на духот, spiritus movens, духот кој се движи, значи активност и ангажирање. Или духот ќе биде изгњавен.

Луѓето со млад дух секогаш ќе пробаат нови работи. Платон рекол дека поголемиот дел од луѓето живеат како во сон. Се наоѓаат и живеат во пештера, загледани во зидовите од пештерата на кои има сенки, мислејќи дека е тоа живот, додека вистинскиот живот се одвива надвор и многу е возбудлив, но, поголемиот дел од луѓето не знаат дека постои, бидејќи се плашат да излезат од пештерата.

Вистинскиот живот ќе ги заслепи со сјајот. Така е тоа во нашите умови. Некогаш е потребно да ги согледаме работите од друга перспектива. Можеме да дојдеме до изненадувачки добри и неочекувани решенија за излез од пештерата. Животот е рубикова коцка, потребно е да се согледаат повеќе страни за да се дојде до добри решенија.

Една од важните особини на луѓето со млад дух, што гледаат на светот како на земјата на чудата на една Алиса. Исто за подмладување на нашиот дух е учењето како да се справувиме со болката. Постојано тагување и плачење, депресија, треба да ги отфламе за да го будиме својот млад дух.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: