Доста им беше на сите се’. Сега биди си себеси се’…

Како работите функционираат во светот? Можеш да тргнеш од претпоставка дека се’ во светот е уредено токму онака како што треба. Секој од нас зазема соодветно место и ние во секој момент сме опкружени токму со оние луѓе, од кои можеме нешто да научиме.

Ако така го сфатиме животот, како училиште кое ни треба, така и ќе биде. Секој ден ќе дознаваме нешто ново. Нема да забушаваме на часовите. Ако го прифаќаме и тоа, дека во секој момент можеме да одбереме друг смер и дека училиштето ни ги овозможува сите смерови за учење, тогаш ќе се чувствуваме слободно.

Но, светот можеме да го сфатиме на друг начин, како место на страдање, угнетување и зло. Место каде е се’ однопаку, каде обичните луѓе зависаг од моќниците, каде сите имаат скриени намери и никој не е искрен. Ако така перципираме, ќе живееме во голем страв, нашата слобода ќе се ограничи од нашите стравови.

Овие две спротивни размислувања се преплетуваат во секој од нас. Не е се’ црно- бело. Еден ден можеш да мислиш на еден, утре на друг начин. Но, она што те прави ваков или таков е одлуката. Твојата одлука е она што го одредува твојот живот. Тоа можеби изгледа премногу едноставно за да биде вистинито, но така е.

И да сакаш и да не сакаш тоа да го прифатиш, во секој момент можеш да бираш меѓу слобода или страв. Бидејќи си ти тој, кој го одредува правецот на своето движење, освен ако некој за тебе веќе не го одредил.

Можеби ова што го читаш ти изгледа банално, можеби веќе си донел некои одлуки, се трудиш да живееш слободно и не ти успева…можеби си уморен од се’?

Но, не се откажувај. Таа пресудна одлука не се носи еднаш или двапати. Таа се носи секојдневно, цел живот. И тоа не е така тешко кога еднаш ќе стекнеш навика, кога ќе почнеш да го слушнеш својот внатрешен глас… Твојот глас, твојата инутиција, е она што може да те направи слободен, она што твојот ум и твоето битие може да те доведе во состојба на смиреност.

Предраг Вујовиќ

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: