Кога некој јасно ти покажува дека не му си важен

Ако ова го читате, вие сте подготвени повторно да ја превземете контролата на својот ум. Од почетокот на нашиот живот, нашите мисли се програмирани од нашата околина и светот општо. Како растеме, се развиваме и го будиме сознанието, дека е потребно да ја вратиме сопствената контрола над нашите мисли.

Од кој ја превземаме назад контролата? Поголемиот дел се однесува на културно, општествено, образовно и институционално програмирање кое има големо влијание на нашето поимање на она што сме и како треба да размислуваме и делуваме.

Вие не мора да бидете личност, која треба да се чувствува како затвореник во затвор, за да заработи за живот. Вашите односи не треба да бидат како што се во хумористичните серии кои ги следите. Вашата дневна енергија, не треба да биде насочена на безумно драматизирање околу ситуацијата во светот, која е наменета да не’ одвлекува од размислувањето во подлабока смисла и поврзаност.

Потребно е да се расчисти оваа корумпираност во себе, за да бидеме во состојба да го менуваме и светот околу нас. Светот пак ги програмира нашите умови кон непотребни точки на фокус, за да не’ разоружи и да ни ја одземе нашата сила. Има за цел, да развие во човекот особини на компулзивен конзумеризам и себичност, наместо да развие чувство на заедништво и поврзаност и со нашето мало секојдневно делување, да бидеме дел од глобалната промена.

Потребно е да ја вратиме контролата над нашите мисли, бидејќи тоа е императив за постигнување на личното здравје и благосостојба на сите нивоа, но исто така и нашата служба на светот. Ние сме овде да служиме.

1.Бидете многу сензитивни во изборот на медиумите кои ги пратите. Постојат луѓе низ светот, чија работа е да го следат вашиот начин на однесување, собираат ваши податоци и ги проучуваат вашите навики, за да ве насочат на купување производи од фирми, во кои се вработени. Тие ќе ги препознаат вашите навики и ќе ве поттикнат на купување, ќе ви сервираат реклама за производот без размислување за последиците, се’ додека не попуштите.

Тоа е таа контрола на умот која се практикува јавно секој ден. Таа е манипулативна и создадена да биде таква. Мора да ја превземете контролата од тие супер богати мега- корпорации, така што ќе носите сопствено здрави одлуки кои ги подржуваат вашите желби.

2. Имајте здрави дневни ритуали. Тие се најдобар начин да ја вратите контролата на умот. Како ќе одлучите да го програмирате својот ден, од утро до мрак, ваш е изборот. Вашето време, просторот и вашите дела се светина, а вашите дневни ритуали, се ваша прилика да се вреднувате себеси и својот живот. Носете позитивни одлуки и знајте дека доследноста е клучна, кога е во прашање враќањето на контролата над својот ум.

3. Научете како да се фокусирате без пречки. Искористувањето на нашата способност за фокусирање на една работа е клучно за контролата на умот.

4. Бирајте каде ќе ја вложите својата енергија. Луѓето секојдневно слепо вложуваат толку многу енергија во работи кои не ги сакаат. Инвестирајте ја својата енергија многу внимателно и обидете се секој ден вашето внимание и енергија да биде насочено кон она што го посакувате за себе, својот живот, своите односи и својата околина. Ако се пронајдете длабоко затрупани, во вложување на својата енергија во нешто што не сакате, запрашајте се, што тоа ве учи и разјаснете кои се следните чекори потребни да направите за да се извлечете од тоа. Не бидете брзоплети!

5. Развивајте неограничена поврзаност со духовното. Нашата духовна димензија е нашиот најголем сојузник на патот на самоослободувањето. Ние сме духовни битиа, кои имаат неограничена моќ, но во допир со материјата го забораваме својот изворен идентитет. Нашата поврзаност со духовното ќе делува на начин, да не’ разбуди и да ја подржува нашата еволуција.

Неоспорно е дека нашите мисли имаат моќ. Потребно е да ја искористиме моќта за да ја вратиме назад контролата над нашиот ум. На тој начин си даваме можност да живееме живот кој има поголема смисла и кој е полн со безгранична љубов кон светот, луѓето околу нас и кон себе.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: