Време е да се исчисти минатото и да се залечат раните

Секогаш е важно да знаете кога се завршува некоја фаза во животот. Мора да бидете во можност да свртите страна и да знаете, како да затворите одредена врата, како да заклучите одредено поглавје. Важно е да знаете како да го затворите кругот и да пуштите одредeни животни моменти да завршат.

Не можеме во сегашноста, да бидеме носталгични за минатото. Дури и често се прашуваме, зошто? Се случило, тоа што се случуло. Дури и ако некогаш негодувате за минатото и ги примените своите учења, лесно можете да го изгубите својот емоционален идентитет, поради оние рани кои уште не се затворени.

Тоа предизвикува, раната да се зарази и да се шири се’ повеќе и повеќе, а со тоа се намалува нашата способност да бидеме сами доволни на себе и да даваме вредност на нашите емоции.

Веројатно се навикнавме да живееме со латентна болка, која не сакаме да ја слушнеме, со надеж дека нашиот мозок ќе ја исклучи својата способност да чувствува, за да се избегне страдањето.
Меѓутоа во нас знаеме, дека тоа е она што не’ спречува да одиме понатаму и уживаме во она што го имаме, лишувајќи не’ од можноста цврсто да живееме во сегашноста.

Прашање за милион долари е, што ги инфицира раните на душата? Жртва, гнев, страв од напуштање, горчина, осаменост, предавство, недостаток на подршка, несогласувања, тага, измама, алчност, грешките, тоа ги инфицира.
Всушност, оваа листа веројатно ќе ја собере во една рана. Па што може да се направи за конечно да се зацели?
Гледајте добро и идентификувајте ги своите рани во себе. Каде ве боли? Дали ви е непријатно да разговарате за нешто и некој? Дали нешто ве прави тажни и бесни? Колку долго? Што мислите, кои би биле причините?

Разговарајте и со другите. Можеби не е лесно, но покрај тоа што не’ болат, нашите повреди не’ ограничуваат. Не е важно колку долго сте се криеле, ослободете се на некој во кој имате доверба.

Исфрлање на се’ одвнатре е величенствен природен лек против болка. Исчистете ги раните и пуштете ги да зараснат. Раните на нашето емоционално минато преполни се со емоција, чувства и мисли кои ни штетат. Поради тоа, мора да се обидеме да ги тргнеме од сопствената длабочина, бидејќи во спротивно, ќе живеат на наша штета, додека не достигнат неочекувани граници.

Исчистете ги раните со плачење, исфрлете ја болката. Направете било што, но осудувајте го страдањето. Тогаш ќе почнете да го враќате својот идентитет.
Отпуштете! Ако нешто или некој не носи среќа во вашиот живот, отпуштете. Ако не ви го осветлува патот и не помага да го изградите, пуштете! Ако ви дава сигурност, но тоа ве спречува да се борите за унапредување, пуштете! Ако не ја препознава вредноста на вашиот талент, пуштете! Ако тоа не ве милува, пуштете!
Ако не ве натера да полетате, пуштете.


Извор: https://aprilamente.info/non-lasciate-che-le-vostre-ferite-vi-trasformino-in-cio-che-non-siete

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: