Во љубовта треба да ви биде добро, лошо можете да живеете и сами

Луѓето денес сакаат максимум од животот и пополека ги отпуштаат ограничувањата, кои ги носат со векови. Едно од нив е, дека мора да бидат задоволни со врската која веќе ја имаат, бидејќи не треба да се верува во голема љубов и среќен брак, дека тоа се случува само во романи и филмови.

Таквиот начин на размислување, усвоен со колективната свест и приказните за несреќна љубов, го создава уверувањето, дека големите љубови се трагични и мора да бидат тајни.

Тие стравови си ги носиме, ако не работиме на себе, одбивајќи ги своите сродни души. Многу ни е едноставно да сме во обична врска, да заработуваме малку или сосем доволно за живот, да се жалиме како ни е тешко, да се жалиме на својата судбина и да ги обвинуваме другите, а никако да превземеме одговорност за животот.

Така ни е полесно, затоа што имаме сеуште блокади или потсвесни програми, чувства и верувања кои ни кажуваат, дека е опасно да имаме голема љубов, многу пари и убави работи.

Една од најчестите блокади е стравот, дека ќе бидеме отфрлени ако бидеме поинакви, нема да бидеме прифатени, ќе останеме сами, ќе ја загубиме љубовта и наклоноста на другите.

Постојат уште многу блокади кои ја спречуваат љубовта, да влезе во нашите животи. Често не знаеме како љубовта да ја примаме или да ја дадеме, никој тоа не ни го покажал, немаме искуство, мислиме дека другиот ке не’ повреди, ако во потполност се отвориме, ќе ја изгубиме слободата, ќе нѐ ограничи на некој начин.

Ние се плашиме од сродните души, бидејќи тие знаат кои се нашите слаби точки, предобро не’ познаваат, тоа се души кои можат најмногу да дадат, но и да повредат. Се плашиме да зачекориме на непознат терен, да излеземе од зоната на комфорот. Веќе ни е извежбано да живееме без љубов, бидејќи на тој начин сме посигурни.

Понекогаш веруваме дека не сме доволно добри, убави и вредни љубовта да влезе во нашиот живот. Ако е тоа случај, тогаш на универзумот му порачуваме, дека сме зафатени и никој друг не може да влезе во нашиот живот. Ако имаме барем една од овие несвесни блокади, тогаш не можеме да ја препознаеме или да ја отфрлиме нашата сродна душа, или ако влеземе во таква врска, таа нема долго да трае.

Некогаш ни се чини, дека не сме со својата сродна душа, а во суштина сме, само тоа од некоја причина не го препознаваме. Најчесто зато што нема здрава комуникација помеѓу партнерите, не се слушаат меѓусебе или ги потиснуваат чувствата, ги носат со години во себе, наместо да ги искажат. Тогаш доаѓа до раскинување, развод па дури и болест, ако тоа трае предолго.

За да бидеме сигурни, дека ќе ја привлечеме својата сродна душа, потребно е да се работи на себе, во смисла да засакаме и да се прифатиме себе си и да си простиме. Тогаш можеме да привлечеме исто таква личност, со која ќе имаме убав живот. Ако имате двајца кои не се сакаат и не се поднесуваат ни самите себе, ни светот, тогаш нивниот живот не е добар.

Луѓето се привлекуваат повеќе со негативните, отколку со позитивните работи. Кога ќе ја побарате својата сродна душа, треба да бидете внимателни со желбите, бидејќи може и да ви се исполнат.

Често луѓето мислат дека односот помеѓу сродните души е идеален, без расправии, неразбирање и тие партнери ќе знаат точно, што другата страна мисли и сака дури и ако не каже.

Тоа е нереално. Исто така очекуваме сродната душа потполно да не’ исполни,  спаси, да ни донесе среќа, задоволство, слобода и да ни ги реши сите животни проблеми. Во тој случај сме на погрешен пат. Тоа треба сами да го оствариме и тогаш можеме да сметаме дека нашата сродна душа ќе ни помогне на тој пат и ќе ги подобри квалитетите кои ги носиме во себе.

Односот помеѓу сродните души бара работа на себе, за да може да се живее во хармонија и да се расте. Нема идеален однос, без работа на него, без вложување на труд и желба да се усогласите со друга личност и да ја направите среќна.

Сродните души се препознаваат од минатото, тие патуваат заедно низ времето и просторот и кога ќе се сретнат, чувствуваат набој, хемија, интимност, љубов и блискост како да се знат долго. Убаво ви е со таа личност, да ја гледате и да поминувате време со неа. Тоа ви дава мотивација, ентузијазам,  испилнетост. Секако дека и другата страна тоа треба да го чувствува за да функционира.

Сродната душа треба да ни го олесни животниот пат, а не да го прави потежок. Ако мислиме дека сме со својата сродна душа, а работите, не се одвиваат најдобро за нашето здравје и развој, тогаш на врската треба да се работи, за да се унапреди.

Некои од знаците дека сте ја пронашле сродната душа се: трепет, убава “струја” по целото тело, интензивна работа на срцевата чакра. Најважно е да веруваме дека сме вредни и достојни за љубов, подготвени за нејзино пристигнување, да знаеме што сакаме и да не се плашиме, бидејки стравот е најниска, а љубовта највисока енергија во универзумот..

извор: atma

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: