Не дозволувај да ти ја украдат насмевката

Овој текст им е посветен на оние кои не знаат што понатаму со својот живот и кој пат треба да го одберат. За оние кои не се одлучиле за своите соништа и оние кои се прашуваат како да ги остварат. За оние кои минуваат низ внатрешна борба, за која другите не се свесни.

Се надевам дека не носите одлуки врз основа на муабетите од другите луѓе. Не ги слушајте советите на другите луѓе. Некои навистина можат да бидат искрени и да доаѓаат од чисто срце, но, тие околу вас не можат да знаат што ќе биде подобро за вас.

Следете го повикот на своето срце и направете го вистинскиот избор. Се надевам дека ќе направите она што ќе ве насмее и нешто што го радува вашето срце. Не носете избрзани одлуки, само од страв дека нешто ќе пропуштите. Трпението е вистинско благо.

Се надевам дека ќе уживате во секој момент на својот живот и ќе почитувате се’ она добро кое веќе го имате. Се надевам исто така, дека сте фокусирани на зборот ‘Јас можам’ и не живеете бидејќи ‘мора’.

Овој свет е преполн со можности, затоа дозволете си себе си да ги видите. Се надевам дека знаете, дека постои причина за се’ и дека најдобрите работи не’ чекаат зад аголот.

Сигурно разбирате, дека мала неизвесност и неодлучност не е воопшто лоша. На сите ни треба време, да се опуштиме и да пронајдеме нешто што ќе ни биде блиско.

Нормално е да се плашиме. И се’ додека правите мал чекор напред, тоа навистина се смета за напредок. Се надевам дека не заборавивте на сегашноста, додека сте зафатени со планирање на својата иднина. Се надевам дека уште ги мирисате цвеќињата и уживате во магијата на новиот ден.

Се надевам дека не дозволувате минатото да ве обземе. Минатото не може да се смени, треба да се фокусирате на сегашноста. Се надевам дека ќе престанете да се грижите и толку многу да размислувате. Го постигнувате она што го посакувате. Верувајте му на процесот. Страдањата и болката се привремени. Тие се непријатни, но и важни, бидејќи ве прават посилен и подобар човек.

На крај, се надевам дека сте љубезни кон себе. Тоа што е во вас, е доволно сила и љубов за да си простите себе си, секоја грешка која ќе ја направите.

И запомнете- добрите вести им доаѓаат на оние кои знаат да чекаат. Затоа, не се плашете да чекате. Бидете трпеливи. И универзумот ќе ви испрати се’ што е потребно, за да се чувствувате среќно.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: