Не му кажувај на никој за своите планови, желби и соништа

Отпушти ја потребата да објаснуваш, бидејќи оној, другиот те доживува само преку своите очи и светот го гледа ‘точно исто’ како и ти. Не го губи својот баланс во силни објаснувања. Не ја црпи својата енергија на зборови, за да докажеш или покажеш дека не си она, што тој некој гледа во тебе.

Работеше долго за да бидеш таму каде што си. Се одрекуваше од многу работи во животот поради посветеноста која ја избра. Никој и ништо не е вредно за таа внатрешна благосостојба, единството со Бескрајната интелигенција, со она што навистина си.

Ослободи се од формата, дека нешто треба да биде и биди без страв. Слободата и подршката стигнува од Создателот. Откажи се од објаснувања. На кого му е гајле?

Зарем е вредно да го губиш она најсветото во себе поради расправа, поради потврдување дека ти всушност си добра личност. Имаш право на свои чувства и тие за тебе се највалиден показател каде треба да бидеш и по кој пат да одиш. Кажи благодарам, што е се’ така јасно како ден и ако знаеш како понатаму сам, барај помош.

Физички оддалечи се од изворот на страдањето, опкружи се со енергијата која те подигнува, помоли се за разрешување на ситуацијата, предај ги своите емоции на Универзумот и побарај од Создателот да дојде на местото каде што е сега твојот ум.

Не си ја скратувај љубовта кон себе, само затоа што си се довел повторно, во одамна познатата ситуација на хаос и немир. И понатаму вредиш. И понатаму заслужуваш најдобро. И понатаму си сакано суштество на Универзумот, за кој мирот е природна состојба.

Извор: pozitivnapsihologija.com

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: