Ништо јас не морам!

Често ја слушам изјавата: ‘Ништо не морам’! Ова звучи како бунт, инает и воглавно промовира внатрешно незадоволство за некои факти од животот. Сепак, идејата е замка. На пример, кога извршуваме задачи за кои немаме избор, ние немаме никакви дилеми: морањето не е спорно. Мора на работа, да го чуваме здравјето, да заработиме пари итн. Долга е листата.

Но, изјавата ‘Ништо јас не морам’ не се однесува на тоа! Се однесува на оној дел од животот кој е доброволен и бара поинакво делување, како дисциплина, отпуштање, простување, чистење на животните навики, работа на саможивноста итн. И ова е долга листа.

Факт е дека животот го поделивме на присилен и доброволен. Зошто е тоа така?

Затоа што сета енергија која ја имаме, ја вложуваме во рутината и во исти процеси кои се случуваат од ден на ден, секој ден. Животот стана колосек со две, три свртувања, а се’ друго нарекуваме авантура или забава.

Решението е во правилното распоредување на енергијата. Тоа ќе ни успее ако го промениме изворот, односно, да ја замениме перцепцијата со која го набљудуваме своето делување.

Ако вашиот извор е Љубов, тогаш со љубов ќе ги правите работите во животот. За да имаме среќен и успешен живот, не мора ништо да визуализираме, ниту да привлекуваме. Потребно е само да се урамнотежи ‘Морање’ и ‘Сакање’.

Треба да станеме комплетни доброволци во овој живот! Всушност тоа и сме, но се оддалечивме од таа почетна точка и нарековме многу други работи со други имиња.

Инспирацијата треба да се бара во непознатото, а не во познатото. Инспирација е фин невидлив слој со кој Љубовта не’ поттикнува, да ги прифатиме сите делови на животот како восхитувачки предизвик и не’ турка да се откажеме од ‘како тоа, зошто тоа’. Не’ поттикнува на одговорност и делување и најважно, на задоволството во сето тоа, односно- единствена можна среќа и успешен живот.

Ненад Љубиќ

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: