Има ли трошка љубов во тебе?

Текст на Владета Јеротиќ кој е еден од омилените и најистакнати српски академици и психијатари, постојано цитиран и споменуван.

‘Да се сака друг човек значи да се разбере, а секако и да му се прости. Не е претерано ако се смета, дека најголема несреќа за луѓето и оваа планета на која тие живеат е некогаш потполна, некогаш делимична неспособност на еден поголем број на луѓе да сакаат.

Исто така не ми изгледа претерано мислата, дека цело човештво и земјата под неа се одржуваат пред се’ благодарејќи на оние малубројни луѓе, кои се во состојба да сакаат. Се присетувам на една стара еврејска легенда која вели, дека светот почива на триесет и шест праведници и со загубата на само еден од нив, страдањата на светот би станале толку тешки и сурови, до степен да ја отрујат и душата на детето.

Дали овој број на праведници вистински се намалува со оглед на состојбата на светот?

Многу е веројатно дека многу луѓе ќе бидат зачудени, кога ќе чујат дека само мал број на луѓе навистина се способни да сакаат. Ако се провериме самите себе, се наметнува прашањето: Зарем не дадоа докази за својата љубов кон родителите, кон своите деца, сиромашната родбина, зарем не им даваа прилози на унесреќените, зарем не покажаа љубов кон татковината, тогаш кога ја бранеа? Откритијата на современата психологија и психопатологија за суштината на човечката природа и скриените потенцијали, кои од несвесната психа делуваат и во основа управуваат со човечките постапки во прилична мера се откажаа од мислењето, дека човекот има поубава престава за себе, која ја создал и за кој верува дека може трајно да ја одржи.

Всушност, доволно е да се тргне од наједноставното прашање, од каде толку зло, несреќи и неправди во светот кога поголемиот број на луѓе е уверена во исправноста на своите постапки, чесноста на своите намери и искреноста на својата љубов? Треба, секако, пред се’ да се дефинира поимот љубов, што не е едноставно.

Избегнувајќи да одиме во крајност и да ја издигнуваме љубовта на недостапен престол, на чиста, идеална, платонска љубов, или љубовта да ја сведеме на подобар израз за задоволување на основни нагонски потреби, или само на ‘маскирана себичност’, ќе биде доволно да се послужиме со зборовите на еден истакнат психоаналитичар Oto Fenihel: ‘За љубовта може да се зборува дури кога размислувањето за објектот ќе достигне толкав степен, да сопственото задоволување е невозможно ако и објектот не се задоволи’.

Ако овие негови зборови не ги разбереме буквално, тогаш сме на добар пат, навистина да не го разбереме поимот на љубовта. И тогаш љубовта нема повеќе да изгледа како момент на инспирација или случајна спонтаност на покажување на чувства, туку како задача и труд.

Колку сме сакани и со колкава сила во детството сме биле сакани, толку ќе бидеме во состојба да ги сакаме и ние другите. Не влегувајќи во сложеното потекло на нашата потреба за љубов и тоа не само потреба да се прими љубов од другите, туку љубовта да им се даде на другите (и тоа без свесно или често несвесно очекување дека таа ќе биде возвратена или на било кој начин и кога е ‘наплатена’), сакаме овде да ги прикажеме најчестите причини поради кои луѓето не се во состојба да сакаат, или како што рековме во насловот, тешко можат да сакаат.

Тешкотиите во сакањето, разгледувајќи го исклучиво како дијагностичар, ги согледувам од психолошки позиции, свесно оградувајќи се да бидам терапевт.

1.Не знам дали некој човек е во состојба да сака, ако не бил сакан. Или на друг начин кажано- со каква сила во детството сме биле сакани, толку ќе бидеме во состојба да ги сакаме и ние другите. Родителите кои не сакале дете или го сакале, но по раѓањето, од било која трагична причина која дошла од надвор или од самите родители, тоа дете не го прифатиле ниту засакале, создаваат, често и без своја волја, услови за патолошки развој на детето.

Иако со право се истакнува дека за правилен психички раст на детето е неопходна љубов на двата родители, има доста примери во животот кои покажуваат дека понекогаш и љубовта на само еден родител ( под услов да се избегне претеран, дури и болен вид на љубов кон детето) е доволна детето да не се лиши од шансата во иднина и самото некого да засака.

2.На луѓето им е тешко да сакаат, бидејќи љубовта од родителите ја доживеале измешана со омраза, грубост и суровост. Треба најпрво да се расчисти со илузиите дека постои воопшто некој човек ( значи и родител) кој бил во состојба да негув,а кон било кој чиста љубов и тоа во некој замислен, непрекинат тек.

Човекот во длабочината на своето битие е амбивалентен, склон да сака и мрази една иста личност или предмет. Има примери во животот, посебно во односите родител- деца или во љубовните односи, дека некоја ‘голема љубов’ се претвора во дива омраза, но обратно, иако ретко, омразата да се преточи во љубов.

Токму поради ваква превртливост на човечката природа, која доаѓа од иманентна присутност на добро и зло во човекот, детето рано го доживува, на архетипски начин, овој дуализам и рано стекнува голема несигурност со оглед на односот кон љубовта.

Кои се траговите на Едиповиот комплекс. На пример, детето во текот на еден ден се случува да доживее нагла промена на расположение на еден од родителите, кај кои се менува љубов и омраза со брзина на промената на пролетното небо, тогаш на детето не му останува ништо друго, бидејќи преку страв ја доживува оваа промена, себе си да се развива реактивно идентификувајќи се со родителите, станувајќи постепено како родителите или станува неповерливо кон секое покажување на љубов, било таа да доаѓа од околината или како импулс на сопствената душа.

3.’Љуби го ближниот свој како самиот себе’- вели една стара мудрост. Еднa од многутe значајни причини зошто луѓето не се сакаат или тешко можат да сакаат е во тоа што всушност не се сакаат самите себе. Не е многу точна констатацијата дека луѓето во најголем број се сакаат себе си.

Вистината е поинаква. Познатиот француски писател Monterlan со право напиша:’ Убеден сум дека најголем непријател на човекот е во него самиот’. Зошто е тоа така? Навистина, кога подобро ќе се загледаме во луѓето од нашата околина, ќе забележиме дека многу луѓе не се сакаат свесно, уште повеќе несвесно. Причината за ваквото длабоко одбивање во прифаќањето на себе се многубројни.

Да спомнеме само некои: разочарувањето кое еднаш сте им го приредиле на своите родители, рушејќи им ја сликата која тие ја измислија за своите деца, делува депресивно пред се’ на нив самите; доживеано разочарување во идеализираната слика, физичка или психичка, која за себе ја создадовте, а која никако не е во состојба да се вклопи во реалноста.

Луѓето, со други зборови, не се сакаат себе затоа што во животот се покажуваат онакви какви себе си не се замислуваат или како другите не ги замислуваат.

Најголемиот број на луѓе, исто така, се сакаат себе си нарцисоидно. Ваква љубов се покажува како голема препрека и за нив и за односите со другите луѓе, посебно во односите на другите луѓе кон нив. Ваквиот тип на луѓе тешко може да сака, затоа што имале родители кои им подарувале прететано многу внимание; затоа што доживеале страв, реален или умислен, дека од родителите не биле доволно сакани или затоа што и самите имале нарцистички родители. Исходот во сите случаи е ист: зголемена љубов кон себе. Себичноста на ваквите луѓе е последица на недоволна индивидуализација, немање прилика да се стане индивидуа.

Треба во оваа прилика да се напомене дека во текот на идивидуализацијата постои фаза кога себичноста е нормална појава, бидејќи е зголемена работата на себе и се зголемува наклоноста кон себе и е израз на борба за самостојност и независност, борба за свое Јас.

За жал оваа фаза кај многумина трае цел живот. Сите споменати и многу неспомнати варијации на темата ‘не можност да се сака’ имаат корен во грешките во воспитувањето во раното детство.

Мораме да признаеме дека нас ни се чини како некои од овие грешки, кои се неизбежни, се ‘убави’ за некои црти на човечкиот карактер во кој има нешто што е вродено. За среќа, сите психолошки и психопатолошки шеми, па и ова изложената, животот често го демантира и надминува, иако добар дел на човештвото владее со нив.

Доволно е, сепак, да се знае дека љубовта, како и се’ што е скапоцено и кршливо во нас, мора да се негува. За природното движење на љубовта потребни се поволни услови за развој. Бидејќи да се сака друг човек онаков каков што е, покрај прифаќањето треба да го засакаме токму таков каков што е, а со тоа го мотивираме да биде онаков каков што може да биде.

Извор: Svetosavlje

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: