Кога најмалку очекувате, се’ тргнува на подобро

Секој од нас понекогаш е заробен во маѓепсаниот круг на празното секојдневие, страдање, мачни односи и оптеретувачки обврски и на секој му е потребно малку мудрост, да го потсети како својот живот да го врати на прав пат.

Еден човек го прашал мудрецот: – ‘Како да излезам од маѓепсаниот круг на празното секојдневие, во кое нема ниту љубов ниту среќа?’

Мудрецот му одговорил:- ‘Од кругот можеш да излезеш само на она место, каде се спојуваат почетокот и крајот’.

Човекот длабоко се замислил и тргнал во потрага по местото, каде небото се спојува со земјата, но хоризонтот секогаш бил на исто растојание. Уморен од се’ седнал на брегот на океанот, мислејќи дека стигнал на крајот на светот. Зборовите на мудрецот му ѕвонеле во главата. Долго седел на брегот, набљудувајќи го сонцето и облаците, а ноќе месецот и ѕвездите….. И конечно го видел своето минато и иднина, како се топат во сегашниот момент и го обликуваат неговиот живот.

Го знаеше одговорот. Не постои место на светот каде почетоците се спојуваат со краевите, бидејќи на секое место крајот се влева во нов почеток во еден одреден момент.

Повторно го побара старецот, кој се упатил кон хоризонтот, одлучен во намерата да завладее со времето и да дознае во кој моментот може да се ослободи од лошата среќа.

Човекот го прашаЛ мудрецот:- ‘Сега знам каде се спојуваат почетокот и крајот, што треба да правам?’

Мудрецот одговориЛ:- ‘Ако твоето минато е исполнето со страдање, почекај го моментот кога сонцето на хоризонтот ќе тргне да се качува и кога ќе го остави своето страдање зад себе.

Ако во минатото си бил роб на лоши навики, почекај сонцето да тргне да се качува и во следните три дена, прави го само она што сакаш да го работиш до крајот на животот.

Ако твоето минато е исполнето со мачни односи, тогаш побарај некои нови луѓе и тргни со нив во својата иднина, а сите останати остави ги зад себе и не гледај назад.

Ако во твојот живот немало радост, тогаш направи било што, што ќе те направи среќен, колку и да е мала работата, таа ќе се прошири на цела твоја иднина.

Ако во твојот живот немало љубов, во тој момент со копнеж погледни во сонцето и ќе ја најдеш љубовта на својот живот’.

Човекот се заблагодарил и заминал по својот пат. Никогаш повеќе не го посетил мудрецот!

Нека вашите стари маки останат зад вас, земете само она со кое можете да ја пополните својата иднина.

Ако тоа го направите, ќе ја сретнете љубовта на својот живот!

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: