Телото може да издржи се'..Умот мораш да го убедиш

Волјата е многу значајна за нашето секојдневно функционирање.

Се случува да чувствуваме недостаток на волја и потоа обично ќе кажеме, како немаме волја за ништо и чувствуваме некој неодреден умор.

Константната безволност е еден од симптомите за депресија. Волјата ни помага да ги осмислиме и да ги оствариме своите желби и замисли, без неа, речиси тоа е потполно неизводливо, бидејќи таа не’ насочува кон однесување кое води кон одбраната цел.

Волјата е активен принцип во нас, затоа сме обично склони да ја поврзуваме со се’ што е позитивно, додека прифаќањето е пасивно и обично несвесно и го поврзуваме со негативните аспекти во нас.
Меѓутоа, во животот има моменти кога волјата е бескорисна, дури може и да ни смета. Тоа се ситуации во кои е потребно да се предадеме, со тоа што овој збор нема негативна конотација, туку некои односи и ситуации се предаваат на животот.

Ние всушност му припаѓаме на животот, тој преку нас се изразува, сакале ние тоа или не.

Разликата е во тоа што, кога приметуваме дека сме одраз на самиот живот, поинаку се чувствуваме и однесуваме. Тогаш нашето его е помалку изразено, бидејќи ни е јасно дека ние всушност немаме никакви заслуги за некои процеси кои спонтано се одвиваат, кои ние само ги забележуваме.

Ако нешто е наша ‘заслуга’ таа се искажува во способноста да го забележиме процесот кој се одвива и во допуштањето на тој процес да се одвива токму на тој начин.
Од друга страна, кога сме уверени дека нашиот живот и се’ што се случува зависи од нашата волја и проблемите ќе исчезнат, кога нашата волја ќе биде во судир со нешто што се случува, односно кога не ни се допаѓаат случувања во нашиот живот.

Ако тогаш помислиме дека мора веднаш да ги менуваме работите, бидејќи- ‘ако постои волја, постои и начин’ како што велат многу модерни учители, ќе почнеме да се бориме со животот, а борбата со животот секогаш предизвикува страдање.

Всушност, може да се каже дека страдањето е резултат на нашата борба со животот.
Во вакви ситуации, единствен вистински начин за користење на волјата е ‘доброволно’ прифаќање на околностите, односно без отпор да се предадеме на текот на животот.

Прифаќањето на околностите не значи дека нема да тежнееме да ги промениме, туку дека тоа нема да го правиме по секоја цена, веднаш и сега. Ќе се потрудиме прво да ги разбереме, за да се разбереме себе си, бидејќи сите околности се тука за да ни помогнат во процесот на себеосознавање.

Всушност, без прифаќање, нема ни промени, тоа е нешто што животот не’ учи, на полесен и потежок начин, порано или подоцна.

Извор: centarprozor.wordpress.com

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: