Шири ја Љубовта, а не отровот на негативноста. Од Љубов си направен

Кога ќе видиш дека луѓето те лажат, сакаат да те понижат, не се спротиставувај. Пушти ги да направат тоа што наумиле.

Пушти ги да го покажат своето вистинско лице, за да видиш подобро кој, до каде може да стигне. Нема долго да чекаш. Брзо ќе им стане јасно, дека тоа тебе не те допира. Кога ќе видат дека ништо не ти можат. Кога ќе им стане јасно, дека најмногу си наштетиле Себеси.

Кога ќе сретнеш такви луѓе, верувај, не знаат подобро. Тие всушност не знаат подобро ни за себе, а не пак за другите. Кога ќе завршат со тоа што наумиле, биди спокоен, само ќе покажат каков НЕ си ти и каков никогаш нема да бидеш.

Ако си го задржал достоинството, трпението, крената глава, само продолжи напред и биди среќен што не си паднал и што не те скршиле. Кога ќе видиш дека луѓето те лажат, понижуваат, не се сомневај во себе, мислејќи дека си помалку вреден и важен.

Тие само “ многу гласно” зборуваат за себе, никако за тебе. Остани исправен, биди храбар да се чувствуваш поинаку. Пушти ги луѓето да играат по свои правила, по нив или ќе се спасат или ќе се уништат. Живеј го животот, гледајќи во светлото, а не во темницата.

Шири ја љубовта, а не отровот на негативноста.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: