Како да се намали стравот?

Его е тема која се’ повеќе се спомнува на различни начини од кои многу се погрешни. Грешиме кога го третираме како нешто непотребно, како структура или дел од нас кој ни создава само проблеми.

При тоа забораваме да се занимаваме, со својата улога во одржување на силата на тоа исто его. Имено, нашето его нема да биде толку важно и значајно, ако ние не го зајакнуваме речиси секој момент. Дури и кога се обидуваме да се бориме против него, ние тоа го правиме, бидејќи борба е она што егото сака, тоа е во потполност негов терен. Она што не му се допаѓа и што го слабее е препуштањето.

Своето его го јакнеме размислувајќи на одреден начин, кога веруваме во приказните за себе кои си ги раскажуваме, чувствувајќи емоции кои произлегуваат од тие приказни и се однесуваме секогаш на ист начин- по автоматизам.

На пример, луѓето кои се во улога на жртва, себеси константно се доживуваат како жртви на разноразни неправди, кои животот им го сервира, а исходот е непријатни чувства.

Уверени во својата приказна, во која блиските и помалку блиски луѓе биле неправедни кон нив, кои без причина ги повредувале, тие секојдневно наоѓаат нови и нови потврди дека се во право, не забележувајќи дека всушност непрекинато го јакнат своето его.

Силно е егото токму поради уверувањата, за кои секојдневно наоѓаат потврди, што е неминовно, бидејќи стварноста ја тумачиме низ призмата на своите уверувања. А штом има повеќе вакви потврди, уверувањата се се’ посилни, токму како и егото.

Сепак, како егото станува посилно, тоа ќе има поголема важност во нашиот живот и ќе ни биде потешко да се ослободиме од своите погрешни уверувања, дури и кога ќе ни биде сосем јасно дека се погрешни, односно дека не користат.

Факт е дека нешто во што длабоко веруваме не е ОК, речиси ни малку не помага при ослободување од тоа верување.

Многу енергија, емоција и мисли секојдневно вложуваме во своите уверувања, а со тоа и во своето его и не ги пуштаме.

Обидете се да ги набљудувате и преиспитате своите мисли и емоции и да ги доведете во врска со уверувањето, кое е во позадина и освестете го фактот дека уверувањата произведуваат мисли и емоции.

Преиспитајте ги своите мисли и размислете за можноста дека вашето его ги креира, за да се одбрани од стравот.

Еден ден ќе ги препознаете неговите залажувања и ќе се препуштите на животот без страв.

Извор: centarprozor.wordpress.com

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: