Верувај, но сепак своите тајни чувај ги за себе

Dr.Robert Taibbi е американски професор и социјален работнил со 40 годишно искуство. Автор е на десет книги, работи како семеен советник, колумнист во списанието Bloom.

Еве што вели тој за очекувањата и за тоа како нашиот живот може да се смени на подобро, кога ќе ги намалиме очекувањата.

Во будизмот често се зборува за смирување на умот и потиснување на желбите. Буда зборуваше дека животот е страдање, кое потекнува од желбите и ако тие се намалат, само така човек ќе може да се ослободи од страдањето. Нашите разочарувања, лутината и тагата најчесто се јавуваат, кога другите не реагираат онака како што ние замислуваме.

Наместо да погледнеме внатре и да се фокусираме на себе, ние секогаш се фокусираме на други. Тоа е она што не’ доведува до емоционални проблеми. Кога ќе ги намалиме очекувањата, ќе ги забележиме следниве позитивни работи:

1.Ќе превземеме потполна одговорност за своите постапки: ‘Се трудам на работа, за да бидам добар работник и самиот себе си се мотивирам. ‘Го суредив станот бидејќи сакам да биде уреден’. Овој став ја спречува помислата дека некој нешто не’ натерал или нешто очекувал од нас. Поентата е дека ние управуваме со својот живот и правиме она што сметаме дека е важно.

2. Ќе ја научите разликата помеѓу она што сакате и она што се подразбира. Менталитетот на стадо и наученото однесивање, обично се силно поврзани со нешто што ви треба. Ова доаѓа од нашите мисли, од егото, доминантниот глас во главата. Она што се подразбира, се очекувања кои некој ни ги наметнал. Кога нема да ги исполниме, чувствуваме вина.

Кога ќе ги исполниме, се чувствуваме изманипулирано и очекуваме нешто за возврат: ‘Бидејќи работам нешто што навистина го сакам, очекувам другите тоа да го почитуваат, забележат, да ме наградат или да направат она што јас го очекувам’.

Кога тоа нема да се оствари, во нас се јавува разочарување и замерка. Излез од оваа ментална игра е во фокусот на она што сакате, на она што ви зборува срцето и чувството во желудецот, наместо она што ви се мота во главата.

Вредностите, уверувањата, се темелите на нашиот интегритет. Очекувањата се знак за узбуна која најчесто го стартува уверувањето дека нешто треба да направиме. Кога ќе ги избегнете очекувањата, ви останува само она што сакате. Постоите само вие.

3. Да се избегне чувството на разочарување, лутина и несреќа. Не е потребно посебно да се објаснува. Ако се ослободите ќе се чувствувате добро и слободно.

4. Да избегнете да се чувствувате како маченик. Сите разочарувања и замерки со време преминуваат во мачилиште, смртоносна комбинација на она што треба да направите и неисполнетите очекувања кои со себе ги повлекуваат мислите: ‘Правам се’ што треба. Очекувам луѓето тоа да го почитуваат, некаква награда.. Ако тоа не се случи, јас страдам..’

Со време мачениците или колабираат од исцрпеност или се заситуваат од неправди и стануваат депресивни и тоа мораат да го извадат од себе: со шопинг, лошо однесување, алкохол- мислејќи дека заслужуваат да прават што сакаат. Луѓето не сакаат маченици. Напорно е да се биде во нивно друштво.

Почнете да живеете во сегашноста. Одлуките и изборот за животот доаѓаат во моментот. Очекувањата ве тераат непрестано да гледате напред и да станете ментален заробеник на иднината. Како шахист, секогаш размислувате осум потези унапред- што да правам, како другите ќе реагираат, како јас ќе одговорам, како да ги натерам да реагираат како јас сакам, што ако моите одлуки бидат доведени во прашање итн.

Едноставно е. Што сега сакам? Тоа ќе го направам и ќе видам што ќе се случи. Ако сте подготвени да го прифатите овој начин на размислување, почнете пополека и не брзајте. Станува збор за преспојување на жиците во мозокот, а за тоа е потребна концентрација. Бидете поактивни. Слушајте се себе си. Која одлука и да ја донесете, што и да направите, застанете позади тоа.

Не размислувајте што би требало да направите, за резултатите кои ќе дојдат, за туѓите реакции, за иднината. Останете во моментот, видете ја својата одлука во овој момент, како најдобра одлука која можете да ја донесете. Она што подоцна ќе се случи и како луѓето ќе реагираат тогаш, не е важно.

Извор: www psychologytoday.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: