Понекогаш треба да имате храброст да кажете збогум, иако боли

Сите сме ние креатори на нашата стварност и мајстори на сопствениот живот. Затоа никој и ништо не може и не смее да не’ задржи на патот на кој сме несреќни, незадоволни и на било кој начин негативни.

Сите ние сме дојдени на овој свет, на оваа планета за да ја подигнеме својата свест и вибрација, да научиме нови лекции и да се ослободиме од кармата, а тоа можеме само ако зачекориме по правиот пат.

Ако константно сме несреќни и ги одбиваме промените, значи дека чекориме постојано по истиот пат и малку или речиси ништо не се менува.

Не можеме да ја фрламе вината на другите, ниту на животот, ниту на Бога. Само треба да имаме малку храброст и да го смениме движењето во оној правец, каде што има светлина и каде ни се насмевнува подобра перспектива и нови можности. Ако мислите дека не знаете каде е правиот пат, вашата душа знае.

А со душата се поврзуваме низ мир и тишина и времето со себе.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: