Ќе биде така како што треба да биде

Можеби поради ова ќе станеме подобри луѓе, повеќе хумани од порано. Можеби ќе освестиме, дека сите сме исти и дека нема разлика. И она што му правиш на оној до себе, си направил всушност себе си. Бидејќи сите сме едно и треба така да постапуваме.

Можеби конечно ќе испливаат вистинските животни вредности. Па да ги освестиме животните приоритети и да се вратиме кај нив. Да се вратиме себеси и на оние кои најповеќе ги сакаме. И времето кое го поминуваме со нив никогаш да не го сфатиме здраво за готово.

Верувам дека ова е време за големо будење. Нова стварност, која ќе се роди од сето ова. Некои нови ние. Се надевам во многу поголем број. Нови, кои нема да трчаат за уште повеќе од ова или она. Ние, кои ќе се посветиме на своето здравје и здравјето на природата и светот, кои конечно почнаа да дишат.

Ние, кои ќе сфатиме дека не е се’ во материјалното и дека е потребен баланс, за да почнеме квалитетно да живееме. И кој знае… Можеби ова време ќе донесе многу простување. Повеќе емпатија. Повеќе разговор со оној до себе. Повеќе топлина во нашите односи.. Кој знае.

А моментално, најмногу што можеме да направиме е да бидеме одговорни поединци. И да веруваме во најдобар исход.

Чувајте се

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: