Не ти треба повеќе шминка, туку повеќе радост и насмевки

Дозволи си да згрешиш. Да се вознемириш. Да се менуваш. Да се восхитуваш на новите работи и кога ќе имаш 60 год, исто како да си 16.  Дозволи си себе си, да не одговараш на провокации, да не се правдаш, да не докажуваш, да не убедуваш.

Дозволи си себе си да отпуштиш.  И да си одиш, од оние кои не се на твојот пат. Оди си, од оние кои не те почитуваат, не те сакаат и не ги сакаш.

Дозволи си себе си, да бидеш поинаква. Да не се вклопуваш во било која категорија, оквир, стереотип, типологија и врста. Не оправдувај ничии очекувања и не постапувај, за да му угодиш на некој против своја волја. Дозволи си себеси, да се посветиш на себе. Најмалку еден час дневно.

Дозволи си себе си, да не зборуваш- ‘Немам време за себе’. Тоа постои. Земи го. И сонувај. Без исклучок- нешто големо, нешто неостварливо (а всушност како знаеш дека е неостварливо?) Дозволи си себе си да постоиш. Само дозволи.

 Да бидеш своја. Прво дозволи си. Дури тогаш ќе видиш што ќе се случи.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: